1. „Кај неа ми се допаѓаше сé: карактерот, нискиот раст, смеѓите очи полни со сјај, плетенките, малиот, по малку пегаст нос“ – така својата жена Валентина ја опиша најпознатиот космонаут на светот. Сопругата на Гагарин се упокои на 17 март 2020 година, во 85 година од животот.
2. Првпат се сретнаа кога и двајцата имаа по дваесет години, на вечера со танци во Оренбуршката авијациска академија и веднаш се вљубија еден во друг.
3. Јуриј и Валентина живееја во среќен брак 11 години, сé до загинувањето на Гагарин во авионска несреќа на 27 март 1968 година. Им останаа две ќерки - Елена и Галина.
4. „Многу нешта ме врзуваа за Валја (деминутив од Валентина): љубовта спрема книгите, страста спрема скијањето, интересот за театарот...“ пишуваше Гагарин.
5. Тоа беше обично, скромно семејство, сé до историскиот лета во вселената на Гагарин на 12 април 1961 година, по што обајцата се најдоа во центарот на вниманието на целиот свет. Јуриј и Валентина се запознаа со светските лидери, многу патуваа, учествуваа во големи манифестации и секојдневно добиваа купишта писма.
6. За Валентина тоа беше тежок период. Милиони жени во целиот свет се вљубија во нејзиниот Јуриј, а меѓу нив и Џина Лолобриџида, секс- симболот на тоа време.
7. Обајцата успешно го поднесоа сјајот на светската слава. Јуриј секогаш ѝ беше верен на својата „срамежлива и скромна девојка во обичен син фустан“.
8. Таква и остана Валентина спрема својот маж до крајот на својот живот. По неговата смрт не се омажи повторно.
9. Како и нејзиниот маж Јуриј, Валентина Гагарина го посвети животот на вселената. До заминувањето во пензија работеше во лабораторијата на медицинската секција на Центарот за управување со летовите. Валентина Терешкова, првата жена која леташе во вселената, секоја година задолжително ѝ доаѓаше на роденден на Валентина Гагарина со огромен букет рози.
10. Валентина Николаевна направи многу за зачувување на споменот на Јуриј Гагарин. Учествуваше во меморијални церемонии, даде придонес за основањето на музејот на Гагарин и ја издаде книгата „108 минути и цел живот“. Но никогаш не даде ниту едно интервју.
11. „Како сопруга на првиот космонаут таа го чувствуваше бремето на огромната одговорност. Достојно го носеше до последниот ден“, рече космонаутот Елена Серова.