Јуриј Гагарин се стекна со статусот легенда кога стана првиот човек кој полетал во космосот на 12 април 1961 година. Полета од земјата како обичен пилот, а се врати како жива легенда. Во Советскиот Сојуз го почитуваа како рок-ѕвезда.
По славниот лет низ вселената, советските власти веднаш го испратија Гагарин на „патување“ низ 30 земји во светот. Тој дури и ручаше со кралицата на Англија Елизабета Втора, фотографирајќи се со неа за спомен. Претседателот на Египет на Гагарин му даде златни клучеви од портите на Каиро и на Александрија, а во Хавана Фидел Кастро едноставно го прегрна.
Топлата средба на Фидел Кастро и Јуриј Гагарин, 26 јуни 1961 година
Legion MediaТешко дека тогаш некој можеше да претпостави оти толку млад и убав маж со пријатна насмевка со која го освои целиот свет ќе го загуби животот по седум години.
По три години гостувања по светот Гагарин се врати на својата работа. За усовршување на пилотските вештини се приклучи на програмата за обука за летање на Инженерската академија на военото воздухопловство „Жуковски“. Сакаше повторно да лета во вселената.
„Ние не можеме од Гагарин да направиме музејски експонат. Тоа би го уништило“, пишуваше неговиот претпоставен и пријател Николај Каманин, раководител на подготовката на космонаути за Советската космичка програма. Зборовите на Каманин ја навестуваа намерата на Москва да го испрати Гагарин на уште една космичка мисија, но тој план засекогаш остана неостварен.
Пилотот и космонаут Јуриј Гагарин, 1 јуни 1962 година
Александар Моклецов/SputnikНа тој 27 март 1968 година времето беше мошне облачно и тмурно. Гагарин изведуваше вежбовен лет на ловец МиГ-15УТИ заедно со својот учител Владимир Серјогин, искусен пилот кој во Втората светска војна беше награден со медал „Херој на Советскиот Сојуз“. Полковникот Серјогин ја проверуваше техниката на летот на Гагарин пред да го пушти да лета во новиот авион МиГ-17.
Во 10 часот и 19 минути Гагарин и Серјогин полетаа од воениот аеродром Чкаловски во Подмосковје. Планираа да летаат половина час, но веќе во 10 часот и 32 минути Гагарин ѝ соопшти на контролата на летање на земјата дека се враќаат во базата. Набргу потоа врската со авионот целосно исчезна.
Кога авионот исчезнал од радарите, властите испратиле во потера група авиони и хеликоптери. Четири часа подоцна пронајдени се фрагменти од авионот на Гагарин недалеку од градот Киржач (Владимирска област, 133 километри источно од Москва). Авионот е целосно уништен, како и телата на двајцата пилоти. Дури не беа идентификувани ни телата на Гагарин и на Серјогин.
„Беше невозможно да се замисли дека Гагарин е мртов. Тој беше олицетворение на животот, олицетворение на слободното сонување за небото, за летовите, за космосот“, изјави Каманин. Но, телото на Гагарин не е пронајдено, така што во врска со неговата смрт не е започната истрага.
Јуриј Гагарин се подготвува да изврши задача на суперсоничниот млазен ловец МиГ-21, 1 октомври 1967 година
Александар Моклецов/SputnikРезултатите од истрагата беа официјално обелоденети дури во 2011 година по повод 50-годишнината од летот на Гагарин во космосот.
„Најверојатно причина за катастрофата бил остар маневар со цел да се избегне судир со воздушен балон за проучување на атмосферата. Така авионот влегол во критичен режим на лет, а потоа во спирала“, изјави Александар Степанов, претставник на Претседателскиот архив.
Според оваа верзија смртта на Гагарин е несреќен случај. Големиот балон одненадеж се појавил на патот на Гагарин, а пилотите во очајнички обид да го избегнат случајно предизвикале неконтролирано понирање на авионот (авионот имал дополнително оптоварување во вид на два резервоари со гориво поради што и летал побавно), а попречувачки фактор биле и густите облаци.
Официјалната верзија на многумина не им беше по волја, па се појавија и разни други теории.
Посмртна поворка на Црвениот плоштад, 30 март 1968 година
Валериј Шустов/Sputnik1) Серјогин одненадеж изгубил свест
„Верувам во верзијата според која Серјогин имал срцев удар. Можеби едноставно паднал на едната управувачка полуга што предизвикало фатални последици“, вели советскиот космонаут Виталиј Жолобов.
2) Пилотите ги убила дехерметизацијата
Пилотот Игор Кузнецов учествувал во истрагата за смртта на Гагарин. Тој смета дека пилотите ги изгубиле животите поради неочекувана дехерметизација на кабината. Некои сметаат дека пилотите почнале да го губат притисокот на висина од 4.000 метри, пред да изгубат контакт со базата и контролата над авионот.
3) Се расипал моторот
Една верзија зборува за тоа дека пилотите ја изгубиле контролата над авионот МиГ-15.
Во своите мемоари инженерот Валентин Козирев пишува дека некој иследник му раскажувал оти моторот на авионот се расипал и предизвикал понирање, а пилотите се обидувале да го вратат во нормална положба, но залудно.
4) Трагедијата ја предизвикал друг авион
Оваа верзија ја потврдува Алексеј Леонов, колега на Гагарин, првиот космонаут кои излезе во отворен космос (1965). Тој во 2013 година изјави дека поради невнимателен маневар на друг авион случајно загинале Гагарин и Серјогин. Имено, другиот авион пролетал над нив побрзо од звукот и го принудил МиГ-15 да влезе во понирање.
Нити една од овие теории не е докажана. Очигледно е дека Гагарин и Серјогин загинале во трагични околности поврзани со технички тешкотии, лоши временски услови и, можеби, човечки фактор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче