Советскиот тенк кој Германците го нарекувале „Мики Маус“

Archive photo, Disney
БТ-7 можеби и го носел името на најпознатиот јунак на Дизни, но немојте да мислите дека на некој Германец му било до смеење. Црвеноармеецот Најдин за само еден ден со овој тенк уништил 15 германски „Панцери“!

Тенкот кој на Германците им се „сторил смешен“ беше всушност еден од најуспешните советски тенкови во триесеттите години од минатиот век – „брзоодечкиот тенк“ БТ-7. Развиваше брзина од 53 километри на час на гасеници и 73 километри на тркала. Беше вооружен со топ со калибар од 45 милиметри и со митралез со калибар од 7.62 милиметри. 

БТ-7

Тенкот за првпат учествуваше во еден воен судир во битката кај езерото Хасан на советско-манџурската граница против јапонската армија во 1938 година, а потоа во сите воени конфликти во кои СССР учествуваше во триесеттите години од минатиот век: во битката на Халкин Гол, во Полска и во Зимската војна против Финска. 

БТ-7М

Во почетната фаза на Втората светска војна БТ-7 според борбените карактеристики не заостануваше зад поголемиот дел германски тенкови и користен е до средината на 1942 година. Заклучната епизода од воената биографија на БТ-7 беше советско-јапонската војна во август и септември 1945 година. Во тој момент овие тенкови веќе беа застарени и користени се во баталјоните на втората офанзивна линија, зад помоќните модели Т-34 и ИС-2. 

БТ-7М

Кога Германците за првпат го здогледале овој тенк со подигнати капаци на куполата, ги потсетило на Мики Маус. Непријателската германска армија го користела ова кодно име за тенкот БТ-7. Произведени се вкупно 5.000 вакви тенкови, а производството било стопирано во 1940 година. 

БТ-7М

Историјата на Големата татковинска војна ги чува сеќавањата на многу тенковски асови. Но, малобројни се хероите во лесни тенкови. Еден од нив е командирот на тенкот БТ-7 Григориј Најдин кој во две покуси борби на самиот почеток од операцијата Барбароса уништил 15 германски тенкови и уште десет оружја

БТ-7М

Германците сметале дека во Црвената армија постои уште еден Мики Маус. Се мислело на некои модели од тенкот Т-34 кои исто така ги имале ушите на Мики на куполата. Некои советски тенкисти ги чувале капаците секогаш отворени поради подобрата вентилација, а исто така и од страв дека капакот нема да се отвори кога тоа ќе биде најмногу потребно.

БТ-7

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња