Тренерки со дречливи бои и јакна од превртена кожа, масивен рачен часовник и шешир со широк обрач – пред да дојде на чело на државата идниот претседател не се разликувал од своите сограѓани.
Reuters
Пред речиси 50 години младиот Путин се облекувал прилично модерно. Во 1970 година завршил училиште со хемиска насока и отишол на забава. Тогаш бил фотографиран како танцува со другарката од одделението Елена во еден стан во Ленинград.
Со својата идна жена, стјуардесата Људмила, се запознал во 1980 година, а три години подоцна ја побарал за жена. Дотогаш веќе го имал завршено правниот факултет и работел во КГБ, а слободното време го минувал во викендичката кај еден пријател.
Руска архива
Вака младото семејство Путин изгледало пред раѓањето на првата ќерка Марија.
Во 1986 година се родила втората ќерка Екатерина. На светот дошла во Дрезден, каде Путин заедно со семејството биле испратени во рамките на неговата работа во разузнавачката служба.
Лична архива
Во деведесеттите години од минатиот век целото семејство носело шарени тренерки кое станаа еден од симболите на „лошите“ времиња. Ги носеа сите: учениците, спортистите, пензионерите, танчарите и идниот претседател.
Руска архива / Global Look Press
Тренерките не ги заборавил дури ни кога деловните одела почнаа да заземаат сè поголемо место во неговиот шкаф.
А, од време на време повторно се појавуваше во комбинација: масивен рачен часовник, кафеава јакна од превртена кожа и кожна чанта.
Руска архива / Global Look Press
Путин набргу стапи на првата државна функција. Стана советник на претседателот на Ленинградскиот градски совет Анатолиј Собчак, а потоа претседател на градската управа за надворешни односи. Тогаш почна да соработува со странски бизнисмени,
AP
Шарените тренерки засекогаш ја напуштија неговата гардероба,
Руска архива / Global Look Press
Прочитајте исто така: Како се облекува Путин