„Росатом“ обелодени податоци за улогата на германските научници во нуклеарниот проект на СССР

Германскиот физичар Густав Херц

Мери Еванс/Global Look Press
„Росатом“ објави формулари со личните податоци на шесте германски физичари кои учествуваа во советскиот нуклеарен проект, наредба од Германија да се изнесе апаратура, како и материјали и упатства поврзани со работата над атомската бомба.

„Росатом“ изнесе во јавност нова група на тајни документи поврзани со почетокот на развојот на нуклеарната индустрија во СССР. Државната научна корпорација покажа формулари со личните податоци на германските стручњаци кои од почетокот работеа на развојот на атомско оружје за Адолф Хитлер, а потоа им помагаа на советските научници да направат атомска бомба. Документите се објавени на сајтот на државната корпорација.

Меѓу документите се формулари за „специјална намена“ со податоците на шесттемина германски физичари, добитници на Нобеловата награда (за откритија поврзани со законот за судари на електроните со атомот) Густав Херц, Николаус Рил, Манфред фон Арден и Хајнц Позе, а исто така и на Георг Роберт Депел. Германските научници ги пополнувале овие формулари на руски и германски јазик во повоениот период.

Барон Манфред фон Арден

Покрај тоа, архивите содржат наредба (од 26 декември 1945 година) за извоз на опрема и материјал од Германија за лабораторијата на Академијата на науките и Институтот за специјални метали (ураниум) на Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД) на СССР. Наредбата ја издал Лаврентиј Берија, тогашниот шеф на НКВД.

Документот налага покрај техниката и материјалите за развој на нуклеарно оружје, да се извезат и соодветни прирачници. Книгите се конфискувани од Институтот „Кајзер Вилхелм“ и Берлинскиот институт за нуклеарна физика.

Николаус Рил (Николай Василевич Риль).

Во август 1945 година, по одлука на Јосиф Сталин, е основан Специјален комитет за употреба на нуклеарна енергија. Отворен е две недели откако Американците ги фрлија атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки. Берија е поставен на чело на овој комитет, чија задача е, меѓу другото, и да ангажира научници во работата на нуклеарниот проект.

Истата година германските стручњаци се донесени во СССР. Една година подоцна, основан е првиот единствен центар „Арзамас-16“ во Нижегородската област (сега тоа е затворениот град Саров). СССР во 1947 година го направи првиот нуклеарен реактор, а две години подоцна изврши проба на атомската бомба РДС-1 на полигон во Семипалатинската област (Казахстан).

Тогаш Николаус Рил го добива звањето Херој на социјалистичкиот труд и Сталинова Награда. Таа во 1951 година му е доделена и на Густав Херц, а Манфред фон Арден ја добива оваа награда двапати - во 1947 и 1953 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња