Самото долета: Како Советите во 1969 година дојдоа во посед на американско тајно беспилотно летало?

Lockheed SR-71A Blackbird, Калифорнија, 1988.

Lockheed SR-71A Blackbird, Калифорнија, 1988.

Global Look Press
Во ноември 1969 година во Советскиот Сојуз пристигна од САД необичен новогодишен подарок. Тоа беше многу фино летало, сличен на познатиот модел за набљудување SR-71 Blackbird кој леташе во стратосферата, само многу помало, долго само три метри.

Станува збор за набљудувачкото беспилотно летало D-21 на компанијата Lockheed која го конструираше и Blackbird. Леталата се слични и по конструкцијата и по намената. Нивната задача беше да шпионираат во лет со суперсоничната брзина на огромна висина, со таа разлика што моделот SR-71 по извршената задача се враќаше во базата, а D-21 беше конструиран првин да ја исфрли касетата со снимената лента, а потоа самиот себе да се уништи. Вториот исто така и полетуваше од специјално опремен модел Blackbird. Подоцна беше направена и варијанта која полетува од авион B-52.

Првиот борбен лет на овој апарат не течеше според планот. Леталото D-21B (варијантата со ракетен акцелератор) пуштена од „Црн кос“ прелета преку Кина и го фотографираше нуклеарниот полигон во близина на езерото Лоб Нор, а потоа од непознати причини не тргна назад туку продолжи со летот. Кога остана без гориво, атерираше во околината на Бајконур. Советските инженери детално го проучија „добиениот“ апарат.

„Тој многу ги заинтересира советските производители на авиони затоа што тоа беше мошне компактна машина, опремена со модерна шпионска опрема и предвидена за долготрајни набљудувачки летови со голема брзина и во услови на силно кинетичко затоплување“, ги наведува The National Interest зборовите на руските историчари на авијацијата Ефим Гордон и Владимир Ригмант.

Со одлука на Советот на министри на СССР од 19 март 1971 година во Советскиот Сојуз почна работата на стратешкото беспилотно летало „Ворон“, слично на моделот D-21. Носач на ова летало требаше да биде ракетоносецот Ту-160.

Меѓутоа, и американските и советските беспилотни летала „паднаа“ како жртви на напредокот во сферата на шпионските сателити. И двете држави констатираа дека снимањето од вселената е поперспективен правец на развојот, така што беспилотните проекти тогаш беа згаснати. „Ворон“ никогаш не беше направен, а дваесетина модели D-21 се чуваат на „гробиштата на авионите“ во американската воздухопловна база Маунт Дејвис.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња