Сталин беше љубител на странски автомобили. Еднаш, кога виде „Опел“ и „Форд“ на изложбата во Кремљ 1940 година, одлучи дека и Советскиот Сојуз треба да направи свој масовен автомобил. И така настана „Москвич“. Истоимената фабрика е основана со помош на производители на автомобили од Детроит (во САД беше испратена комисија) и траеше сѐ до распадот на СССР. Но, пред трагичниот крај, автомобилите на брендот „Москвич“ сепак станаа она што посака Сталин. Тоа беше „народен автомобил“ кој комотно можеше да се пласира и на Запад.
Автомобили „Москвич-407” и „Москвич-408” на Московскиот завод за малолитражни автомобили.
Давид Шоломович/SputnikПрвата модификација на „Москвич” се појави во 1947 година, а веќе неколку години подоцна автомобилот успешно се извезуваше во пријателски Египет и капиталистичките земји Франција и Норвешка. Излегувањето на американскиот пазар ќе беше голем успех, особено што паролата „да се стигне и претекне Америка“ во тоа време беше еден вид на државна стратегија за развој. Есента 1959 година, речиси за малку и ќе се случеше. Сталин веќе беше мртов, а на чело на СССР беше Никита Хрушчов, кој се состана со Двајт Ајзенхауер, 34-от претседател на САД.
Ако можеме да им веруваме на мемоарите на главниот конструктор на „Москвич“ Александар Андронов, кога на состанокот меѓу двајцата претседатели станал збор за автомобилите, Ајзенхауер дал зелено светло за продажба на моделот „Moskvich-407“ на американскиот пазар, додавајќи дека „кога ќе отиде во пензија, би сакал на својот ранч ранч да има таков автомобил“. Истата година, „Асошиејтед прес“ објави фотографија на која советски „Москвич“ свртува од 7. авенија во 48. Улица на Менхетн. Под снимката стоеше натпис: Во Америка наскоро доаѓаат 10 илјади вакви автомобили.
Претседателот на СССР Никита Хрушчов, обраќајќи се до советскиот парламент, во рацете држи фотографии на кои се „воени и индустриски цели” што ги фотографирал соборениот американски пилот Френсис Пауерс.
Getty ImagesВо тоа време ниту еден советски автомобил не се продаваше на американскиот пазар. Тоа беше епохален потфат за СССР и фактички стартуваше: договорот со увозникот беше потпишан. Но, ветените 10 илјади „Москвичи“ никогаш не стигнаа до Америка. Имено, се случи инцидент: американскиот разузнавачки пилот Френсис Пауерс беше соборен во шпионскиот авион У-2 над територијата на СССР. Овој меѓународен скандал беше првата, но не и единствената пречка.
Уште пред случајот со авионот, министерот за трговија на САД изјави дека ќе преземе мерки против „Москвич“, кој не смее да влезе на американскиот пазар. Причината беше законот за дампинг на цените. Имено, беше планирано советскиот автомобил да се продава по смешна цена од илјада и петстотини долари. Покрај тоа, една американска компанија ангажираше адвокат за да докаже дека во рускиот автомобил постои дел чиј патент им припаѓа на Американците.
Изгледаше како сите да направиле заговор против „Москвич“. Сепак, кон крајот на 50-тите години три автомобила од оваа марка во САД беа увезени од приватни лица. Еден подоцна изгоре, на вториот му се губи трагата некаде во околината на Детроит, додека судбината на третиот „американски“ „Москвич“ е преполна со перипетии и неочекувани пресврти, како на филм. Оваа приказна во јули 1988 година на своите страници ја опиша советското списание „Зад воланот“ (За рулём).
Руски „Москвич” на улиците на Лос Анџелес, 1958.
Getty ImagesНа почетокот на 1958 година во Европа го купи еден Американец и, откако го качи на брод во Амстердам, го префрли во пристаништето Лос Анџелес. Но, царината не сакаше да го пропушти „Москвичот“ бидејќи не одговараше на американските стандарди, а освен тоа, вратите му беа оштетени за време на истоварувањето. Тогаш сопственикот одлучи да го испрати во Мексико и да го продаде. Но, по пристигнувањето во Мексико, автомобилот беше веднаш украден и транспортиран во ... Лос Анџелес.
Таму, се разбира, крадците не успеаја да го продадат. Така од автомобилот симнаа сѐ што можеа да симнат и го оставија на улица. Полицијата го пронајде и наложи да се однесе на локалниот отпад.
Бев Кидвел
Хари Брикен / Special Interest Autos, 1990.Сопственикот на отпадот Бев Кидвел се заинтересира за непознатиот автомобил и одлучи да види што може да направи. Го поправи, малку го повози и заборави на него. Но, еднаш на гости му дојде еден стар другар кому итно му требаше автомобил да патува. Се покажа дека единствениот слободен беше „Москвичот“. Навистина, немаше регистрација, но овој другар, по игра на случајот, работеше во Одделението за сообраќај. Тој направи привремени документи за автомобилот и го откупи од државата за 35 долари.
Но, но тоа не е крајот. Автомобилот остана кај Кидвел собирајќи `рѓа цели 20 години. Во 1981 година, тој го затвори отпадот, а „Москвичот“ одлучи да го продаде. На неговиот оглас налета колекционерот Хари Брикен. Го купи во жална состојба за само 300 долари.
Потоа следеше долга и мачна потрага по делови. Автомобилот немаше ни шема ни упатство. Брикен ги нарачуваше деловите од Европа и тие патуваа со месеци. Кога набави сѐ што требаше, го остави автомобилот во сервисот, но неколку дена подоцна дозна дека и сервисот и неговиот автомобил исчезнале... По шест недели потрага, автомобилот го пронајде во еден амбар осум километри надвор од градот.
Реставрацијата на „Москвичот“ (кому му го даде името „Son of Moscow” (мак. Син на Москва) го чинеше 4400 долари. Но, тоа не беше крај на проблемите, дури ни кога советскиот раритет реткост беше претставен на локална изложба во Тексас. Советското знаме и ознаката СССР не им се допаднаа на многумина. На Хари дури и му пристапија агенти на ФБИ за да ги проверат неговите врски со комунистите.
„Москвичи“ учествуваат во возењето „Москва-Севастопол-Москва”, СССР.
TASSДолгоочекуваното признание дојде дури 1987 година на една посериозна тексашка изложба, на која „Москвичот” со бурна историја го зазеде првото место, како и третото место според изборот на посетителите, веднаш зад „Кобра 427“ и „БМВ М-1“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче