9 авиони на НАТО кои беа соборени од СССР

Следејќи сѐ што пишува во западните медиуми, се создава впечаток дека Русија постојано го нарушува воздушниот простор на земјите на НАТО. Меѓутоа, американските авиони од почетокот на Студената војна повеќе пати спроведуваа шпионски мисии на советското небо. „Руска реч на македонски“ се потсетува на девет случаи кога таквите напади завршија со соборување на американските летала.

Ноeмври 1951.

Советски МиГ-15 собори американски P2V Neptune над Јапонското море, 30 км од Владивосток, убивајќи 10 членови на неговиот екипаж. Претставници на американската морнарница рекоа дека авионот бил нападнат во текот на извидувачки лет. Дури по Студената војна Американците признаа дека во реалност се работеше за шпионска мисија на ЦИА.

Извор: Wikipedia CommonИзвор: Wikipedia Common

Март 1953.

Два авиона МиГ-15 го соборија Avro Lincoln B2 кој наводно реализираше тренинг лет во воздушниот коридор над Берлин. Авионот му припаѓаше на експерименталниот тим кој вршеше истражување на радарски технологии. Загинаа седум членови на екипажот.

Извор: Wikipedia CommonsИзвор: Wikipedia Commons

Јули 1953.

Американска „супертврдина“ RB-50G беше соборена од два МиГ-17 во близина на Владивосток. Преживеа само едно лице кое беше извлечено од вода.

Извор: Wikipedia CommonsИзвор: Wikipedia Commons

Септември 1958.

Четири МиГ-17 пресретнаа и уништија C-130 кој влезе во советскиот воздушен простор на турско-ерменската граница во текот на непознати извидувачки мисии. Загинаа 17 патници.

Извор: Wikipedia CommonsИзвор: Wikipedia Commons

Мај 1960.

Над Свердловск беше соборен познатиот авион на Централната разузнавачка агенција U-2 кој беше управуван од страна на Френсис Гари Пауерс. Двајт Ајзенхауер негираше дека станува збор за шпионска мисија, а подоцна кога се дозна дека пилотот преживеа, а американскиот претседател лажеше, шефот на американската влада одби да се извини. Пауерс се врати дома по размената на познатитот „мост на шпионите“ во Берлин.

via GIPHY

Јули 1960.

RB-47H беше соборен од страна на советски МиГ-19 над Баренцовото море, 201 км северно од полуостровот Кола. МиГ-от беше управуван од страна на поручникот Василиј Пољаков. Еден од членовите на екипажот, капитенот Бил Палм, загина во инцидентот. Два члена на екипажот преживеа, останатите тројца никогаш не беа најдени.

Јануари 1964.

AT-39 Sabreliner од базата во Висбаден (Западна Германија) беше соборен од страна на советски авион МиГ-19 над Тирингија, на територијата на Источна Германија. Загинаа три члена на екипажот.

Извор: Wikipedia CommonsИзвор: Wikipedia Commons

Март 1964.

МиГ-21 нападна RB-66 Destroyer на извидувачка мисија на небото на Источна Германија. Бомбардерот со два мотора беше соборен, екипажот преживеа и беше вратен дома.  Официјалното објаснување на американската страна беше дека пилотите се изгубиле поради неисправен компас.

Октомври 1970.

RU-8 Seminole полета од Турција и исчезна во воздушниот простор на тогашната советска република Ерменија. Во сите служебни документи на САД (Federal Research Division) се наведува дека RU-8 Seminole беше соборен од страна на Советскиот Сојуз. 

Извор: Wikipedia CommonsИзвор: Wikipedia Commons

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња