Фотографиите како резултат на тоа ги снимија фасцинантните палати на Руската империја и нивните ентериери, како и секојдневниот живот: сцени од село, прошетки во парковите, пловидба во Финскиот залив и така натаму. Фотографиите беа користени како разгледници, потпишувани и подарувани како сувенири и внимателно чувани во семејните архиви. Благодарение на тоа, голем број на историски фотографии преживеаја во архивите на музеите. Еве некои неверојатни фотографии од крајот на 19 и почетокот на 20 век од збирката на Државниот руски музеј во Санкт Петербург.
1. Деца во чамец покрај Финскиот залив, 1906

Непознат фотограф/Државен руски музеј
2. Селото Тјарлево близу Петербург. Осветување на Преображенската црква во знак на сеќавање на 300-годишнината од Куќата Романови, 1914 година

Karl Bulla/Државен руски музеј
3. Гатчина. Поглед на палатата од паркот, 1900-тите
Alexander Erzhemsky/Државен руски музеј
4. Приоратскиот дворец во Гатчина, 1900-тите
Alexander Erzhemsky/Државен руски музеј
5. Кинеската палата во царската резиденција во Ораниенбаум, 1900-тите
Alexander Erzhemsky/Државен руски музеј
6. Грчката сала во Павловскиот дворец, 1900-тите.
Alexander Erzhemsky/Државен руски музеј
7. Килибарната соба во Екатеринскиот дворец во Царско село, 1900-тите
Килибарот на „Осмото светско чудо“ мистериозно исчезна откако салата била ограбена од нацистите за време на Втората светска војна. Во 2000-тите беше обновена одново.
Alexander Erzhemsky/Државен руски музеј
8. Големиот дворец во Петерхоф, 1860
Alfred Lawrence/Државен руски музеј
9. Фонтаната „Лавовска каскада“, сместена во Долниот парк на Петерхоф, 1876
Karl Schultz/Државен руски музеј
10. Имотот на државникот М. В. Кочубеј (Резервираната палата или Владимирска палата) во Царско село, 1914
L.Gorodetsky/Државен руски музеј
11. Големиот кинески мост во Александровскиот парк во Царско село, 1900-тите
Непознат фотограф/Државен руски музеј
12. Поморскиот Соборен храм во Кронштад веднаш по неговата изградба, 1910-тите
Непознат фотограф/Државен руски музеј
13. Сликарот Илја Репин со семејството н неговиот имот „Пенати“ во Куокала (сега Репино) близу Петербург, 1900-тите
Непознат фотограф/Државен руски музеј
14. Градот Новаја Ладога близу Петербург, 1900-тите
Непознат фотограф/Државен руски музеј
15. Ораниенбаумскиот дворец, 1908
Непознат фотограф/Државен руски музеј
16. Имотот „Знаменка“ на Великиот кнез Николај Н. Романов, недалеку од Петерхоф, 1870-1880-тите
Непознат фотограф/Државен руски музеј
17. „Сергиевскиот“ дворец во Петерхоф, 1911
Непознат фотограф/Државен руски музеј
18. Железничката станица „Стрелна“, една од првите во Русија, 1908
Непознат фотограф/Државен руски музеј
19. Камероновата галерија во Екатеринскиот парк во Царско село, 1900-тите
Непознат фотограф/Државен руски музеј
20. Орловската или Гатчинската капија во Екатеринскиот парк во Царско село, 1900-тите
Непознат фотограф/Државен руски музеј
Изложбата „Санктпетербуршката губернија на фотографии од 1860-1910-тите години од збирката на Рускиот музеј“ е изложена во Државниот руски музеј(Строгановскиот дворец) во Санкт Петербург од 30 мај до 26 август 2019.