Механичарите ги ремонтираа 30 тенкови Т-34 кои пристигнаа од Лаос

Слободан Ѓукиќ
Техничкиот преглед на тенковите Т-34, кои од Лаос беа вратени, е завршен во ремонтните единици на Кантемировската тенковска дивизија на руската армија.

Според информациите кои ги пренесе интернет-порталот Известија.ру механичарите не се ограничиле само на козметички зафати на инаку многу зачуваните тенкови кои добар дел од својот век служеа во оклопно-механизираните единици на Војската на Лаос. Тие изведоа детален технички преглед на сите витални компоненти на механичкиот комплекс и извршија соодветни поправки. На сите тенкови се сменети антифризот и моторното масло.

Целата техничка операција подразбираше ремонт на 30 тенкови Т-34. По реализираните работи и завршениот преглед, тимот механичари изјави дека овие тенкови по потреба можат да учествуваат во сите активности како и стандардните борбени тенкови на оваа дивизија.

Меѓутоа, основната намена на овие тенкови нема да биде воведување во оперативното вооружување на Кантемировската дивизија. Претходно се споменуваше дека врз база на овие тенкови би бил формиран посебен оклопен баталјон во оваа елитна руска дивизија. И да дојде до формирање на ваков баталјон, тој пред сѐ ќе учествува во манифестации како воената парада за Денот на Победата или во снимање на воени филмови со тематика од Втората светска војна.

Т-34 е легендарен советски среден тенк од периодот на Втората светска војна. Неговото сериско производство започна 1940 година. Т-34 беше основен борбен тенк на Црвената армија сѐ до првата половина на 1944 година сѐ додека во тенковските единици не влезе модификацијата Т-34-85. Многумина експерти, вклучувајќи и германски генерали, го нарекоа „триесетичетворката“ еден од најдобрите тенкови од времето на Втората светска војна.

Прочитајте повеќе: Германски неделник пишувал за „смртоносното изненадување“ за Вермахтот – тенкот Т-34

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња