Добредојдовте дома: Русија купи од Лаос триесет тенкови Т-34

Youtube

Во Русија од Лаос се враќаат 30 примероци на тенкот Т-34, или легендарните „триесетчетворки“, кои беа столбот на советската оклопна сила во текот на Втората светска војна, извести прес-службата на руското Министерство за одбрана, пренесува РИА „Новости“.

Тенковите ќе бидат доставени со брод во далекуисточното руско пристаниште Владивосток, а потоа со воз ќе патуваат до московската област. Триесетчетворките до неодамна беа дел од редовното вооружување на Војската на Лаос и се целосно исправни, истакнува руското Министерство за одбрана.

Во план е нивна употреба во текот на воената парада по повод Денот на Победата кој во Русија се слави на 9 мај, како и за потребите на кинематографијата која третира настани од Втората светска војна, која во Русија се нарекува Големата Татковинска војна.

Т-34 е легендарен советски среден тенк од периодот на Големата Татковинска војна. Неговото сериско производство почна 1940 година. Т-34 беше основниот борбен тенк на Црвената армија сѐ до првата половина на 1944 година, додека во тенковските единици не влезе модификацијата Т-34-85. Многумина експерти, вклучувајќи ги и германските генерали, го нарекоа „триесетчетворката“ еден од најдобрите тенкови од времето на Втората светска војна.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња