„Повикување на Варјазите “ на Виктор Васнецов.
Mузејот на Виктор ВасњецовСредновековните руски хроники бележат дека во 862 година легендарниот „варјашки“ (скандинавски) водач Рјурик заедно со своите браќа и следбеници дошол на северот од Русија и владеел со Новгород (заедно со Киев на југ, Новгород бил еден од двата центри на раната руска државност). Според изворите, словенските племиња го замолиле Рјурик да владее со нивната земја зашто „меѓу нив владеела неслога“. Тој го прифатил повикот и станал првиот познат владетел на Русија. Периодот на неговото владеење се третира како почеток на историјата на руската држава.
Познатиот руски историчар од 19 век Сергеј Соловјов напишал: „Повикувањето на првите кнезови има големо значење за нашата историја. Тоа е настан кој влијаел на цела Русија и треба да се сфати како почеток на нејзината историја“. За првпат различни словенски племиња биле обединети под единствена власт, во овој случај под власта на „Варјазите“, односно на Скандинавците.
Некои историчари сметаат дека „Варјазите“ не биле повикани во мирновременски услови, ами дека Рјурик бил ангажиран како наемен воин и војсководец, но потоа тој направил пуч, ги симнал од власт локалните старешини и така дошол на власт во северните словенски земји. Подоцна неговата династија ја проширила својата власт на сите средновековни руски територии, вклучувајќи го и Киев кој потоа станал главен град на новата држава. Постепено Варјазите, според еден јудејски патописец, „го прифатиле својот (словенски) јазик и се стопиле со Словените“.
„Покрстувањето на Русија“ на Виктор Васњецов.
Третјаковска галеријаКиевска Русија, голема средновековна словенска држава која заземала огромна територија на просторот на денешна Русија, Украина и Белорусија, го примила христијанството во 988 година за време на великиот кнез Владимир. Се смета дека тој го избрал православието најмногу поради интензивните контакти на Древна Русија со Византија. Овие контакти останале непрекинати сè до 15 век, по што Москва се декларирала како Третиот Рим, наследник на Византија. Така одлуката на кнезот Владимир го дефинирала патот на развојот на руската историја.
Покрај тоа, христијанството станало важен фактор кој обединил определени словенски територии. „Со примањето на христијанството во Русија започнува развојот на руската национална заедница. Таа се формирала со соединување на племенски заедници, социјални слоеви и поединци во единствениот духовен простор на Христијанската црква“, рече пред неколку години рускиот митрополит Иларион Алфеев на конференцијата посветена на кнезот Владимир.
Владимир е канонизиран светец. На овој кнез пред две години му беше подигнат споменик во близината на Кремљ.
„Куликовската битка“ на Сергеј Присекин
Global Look PressПостои мислење дека и Куликовската битка која се одиграла 400 години подоцна исто така спаѓа меѓу настаните кои ја обединиле руската нација. Русите во 1380 година под команда на московскиот кнез Дмитриј ги победиле единиците на ханот Мамај, моќен војсководец на монголската Златна орда.
Наездата на Монголците во средината на 13 век ја опустошила Русија. Оттогаш кнезовите во Русија зависеле од монголските владетели на Златната орда. Дмитриј собрал голема војска од речиси сите руски кнежевства и жестоко им се спротивставил на единиците на Мамај. Кнезот Дмитриј лично бил во првите борбени редови. По оваа победа го добил прекарот „Донски“.
„Русите заминале на Куликовското поле како жители на различни кнежевства, а се вратиле како претставници на обединета руска нација“, напишал Лев Гумиљов, познат руски историчар од 20 век.
„Кузма Минин и Дмитриј Пожарски“
Државниот музеј на ликовни уметности, Нижни Новгород„Кон крајот на 1611 година московската власт била речиси целосно уништена. Полската војска го зазела Смоленск. Полјаците ја запалиле Москва и го зазеле Кремљ. Швеѓаните го зазеле Новгород и предложиле свој кандидат за московскиот престол“, пишува историчарот Василиј Кључевски за таканаречената „Смутна доба“.
Кога изгледало дека целата земја се распаѓа, средните и долните слоеви на општеството се обединиле и тргнале во борба за ослободување на Русија. Кузма Минин, трговец со месо и чиновник во Нижни Новгород (400 километри од Москва), и кнезот Дмитриј Пожарски како војсководец, основале народна доброволечка армија. Таа ја ослободила Москва и создала услови за крунисување на царот Михаил, основачот на новата династија (Романови), и со тоа го зачувала државниот суверенитет на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче