На 11 февруари 1992 година екипажот на американската нуклеарна подморница „Батон Руж“, која ја шпионираше руската флота во студените води на Баренцовото море, почувствува силен удар во телото на пловилото. Баластната цистерна протече, а во подморницата се огласи алармот за тревога.
Како што се покажа, руската подморница „Кострома“ удрила во американската подморница. Кога се вратила во пристаништето, на крмата нашле заглавени делови од американскиот сонар. Во текот на подводното маневрирање, сонарите на двете пловила биле исклучени и подморниците едноставно не се забележале една со друга. Според друга верзија за настанот, „Кострома“ намерно се забила во натрапникот за да го истера од територијалните води на Руската Федерација.
„Екипажите не беа повредени, а пловилата се вратија во своите пристаништа заради поправки“, пишува „Национален Интерес“ за деталите на овој несекојдневен настан.
„Батон Руж“ по инцидентот е отпишана, а „Кострома“ е поправена за четири месеци. Потоа, на неа, врамен во ѕвезда, се најде бројот 1 - така во текот на Втората светска војна советските подморници ги обележуваа своите победи.
Подводниот судир беше причина за еден од првите дипломатски процеси меѓу Руската Федерација и САД. Државниот секретар на САД Џејмс Бејкер тогаш лично го увери рускиот претседател Борис Елцин дека американските подморници ќе престанат да шпионираат во туѓи води. Меѓутоа, ова ветување беше погазено година дена потоа при новиот судир на подморници кај Колскиот полуостров.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче