На 24 септември 1938 година почна непрекинатиот лет на советските пилоти Валентина Гризодубова, Полина Осипенко и Марина Раскова од Москва до Комсомолск на Амур, со кој беше поставен меѓународен рекорд во женско летање.
Летото траеше 26 часа и 29 минути. Бомбардер со голем долет АНТ-37бис „Родина” помина преку 6450 километри (или по права линија растојание од 5908,61 км). Од првите часови на летот авионот мораше да се бори со стихии. Екипажот беше принуден во текот на летот да носи маски со кислород, а во авионот владееше страшен студ.
Кога авионот го помина Краснојарск, радио-станицата престана да функционира. Над Бајкалското езеро жените-пилоти мораа да го променат курсот за да излезат на Транссибирската магистрала. Меѓутоа, бидејќи екипажот не го гледаше теренот и не можеше да ги прима сигналот на радиофарот, постоеше ризик да го наруши кинескиот воздушен простор.
Капетанот на бродот донесе одлука да го продолжи летот на слепо. Облаците се разидоа дури над Охотското море, во реонот на Шантарските острови. Потоа „Родина” се упати на југ, кон најблискиот аеродром во Комсомолск на Амур.
На 25 септември во 10 часот по московско време екипажот ги здогледа езерата на реката Амгуњ, а во истиот момент на таблата со инструменти се запали црвената лампичка: горивото беше при крај. Моторите набрзо почнаа да откажуваат и авионот мораше да слета на мочурлив терен во тајгата. Жените-пилоти и нивниот авион се пронајдени благодарение на последниот радиосигнал што го испрати Раскова, а го прими радиостаница во Читинската област.
Жените-пилоти од „Родина” со указ од 2 ноември 1938 година се прогласени за Херои на Советскиот Сојуз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче