На 30 август пред точно еден век се слушнаа истрели кои можеа да имаат сериозно влијание на понатамошниот тек на руската историја.
Еден куршум го погоди Ленин во градите, му го проби белодробното крило и заврши во клучната коска, а друг му ја скрши коската и запре во левото рамо. Според службената верзија, Ленин е погоден од 28-годишната Фани Каплан, која претходно веќе била осудена на смртна казна, но бидејќи тогаш била малолетна, најтешката казна е заменета со принудна работа.
Својот став спрема Ленин и спрема револуцијата таа го изразува на сослушувањето веднаш по обидот за атентат: „Октомвриската револуција ме затече во болницата во Харков. Не бев задоволна од револуцијата и ми остави негативен впечаток... Јас пукав во Ленин. Се решив на тој чекор уште во февруари. Ми падна на памет таа мисла додека бев во Симферопол и оттогаш почнав да се подготвувам за наведениот чин“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче