Како последниот кинески цар се најде во рацете на Црвената армија

Getty Images
Штом советските трупи ги скршија Јапонците на североистокот на Кина, Црвената армија се подготви за истоварување на главните јапонски острови. Меѓутоа, тогаш сѐ уште беше приоритет одржувањето на добрите односи со САД, па затоа беше откажан тој план.

1. Летото 1941 година сојузниците се подготвуваа да ѝ го зададат последниот удар на Јапонската империја како на својот последен непријател во Втората светска војна. Американците и Англичаните со години војуваа против јапонските трупи во Тихиот океан, а Советскиот Сојуз штотуку се подготвуваше да влезе во таа војна.

2. На Кримската конференција во февруари 1945 година Сталин им вети на Черчил и на Рузвелт дека Советскиот Сојуз ќе ја нападне Јапонија во рок од три месеци по победата во Европа и си го одржа зборот. СССР на 8 август ѝ објави војна на Јапонија, а наредниот ден советската војска ја премина границата на Манџуку, јапонската марионетска држава.

3. Советите беа значително побројни и подобро вооружени од Јапонците. Квантуншката армија броеше речици 700000 луѓе, додека советската имаше 1,5 милион војници. Покрај тоа, Советите имаа пет пати повеќе артилериски орудија и тенкови и три пати повеќе авиони. Па сепак, оваа операција не беше едноставна со оглед на силниот отпор кој Јапонците сѐ уште го даваа.

4. Советите во офанзивата како со нож ја пресекоа јапонската одбрана и продолжија да напредуваат длабоко на територијата на североисточна Кина, каде фронтот беше долг од 290 до 805 км.

5. Монголија беше советски сојузник и ја поддржа офанзивата на советската армија. Повеќе од 60000 војници на Монголската народна армија учествуваа во оваа акција штитејќи ја позадината на советските јуришници.

6. Забележлива епизода на оваа војна беше засилениот марш на Шестата гардиска тенковска армија низ пустината Гоби. Тоа беше големо искушение за советските тенкисти, затоа што температурата на воздухот достигнуваше и до 45 степени Целзиусови, возилата беа полни со песок, а војската исцрпена.

7. По пустината советските трупи мораа да поминат низ беспаќата на планината Голем Хинган, која се сметаше за непроодна. Непрестајно врнеше, а Советите немаа прецизни карти, но сепак успеаја со тенковите да ја поминат оваа пречка, што за Јапонците беше големо и непријатно изненадување. Еден јапонски офицер подоцна им рече на советските војници: „Кога влеговте во Хинган нам ни олесна затоа што знаевме дека ќе морате да се вратите. Уште од времето на Тамерлан ниедна армија се нема осудено да ја помине Хинган, а сега ненадејно се појавија вашите тенкови, артилеријата и пешадијата.

8. И советската војска, како и американската, фанатично ја напаѓаа јапонските самоубијци и камикази. Генерал Афанасиј Белобородов, командант на Првата Краснознаменска армија пишува: „Војници во зелена униформа излегуваа од каналите и маскираните јами покрај патот и под товар на мините и гранатите прицврстени за нивните тела им притрчуваа на наите тенков. Ги косевме со митралезите така што земјата ја прекрија стотици трупови. Но од дупките и пукнатините никнуваа нови самоубијци и се фрлаа под нашите тенкови...“

9. За 10 дена офанзива Квантуншката армија доживеа целосен крах. Јапонските војници почнаа масовно да им се предаваат на Советите.

10. Додека јапонските трупи во Манџурија беа во тотален хаос, советската команда реши да изврши десант врз големите непријателски градови. Меѓутоа, се покажа дека десантирањето на педобранци не е неопходно – советските авиони едноставно слетуваа на напуштените непријателски писти, а потоа од нив излегуваше војската и ги заземаше стратешки важните објекти.

11. За време на десантот на Мукден (денес Шенјанг) советските трупи неочекувано го заробија Пу Ју, последниот кинески цар и владетел на Манчуку. Тој се наоѓаше во зградата на аеродромот и чекаше евакуација во Јапонија заедно со членовите на својата влада. Никој не очекуваше дека тука ќе биде пронајдена толку важна личност. Пу е итно одведен во сибирскиот град Чита во близина на Бајкалското езеро.

12. Покрај победа над Јапонците, главна цел на војната беше враќањето на островите Сахалин и Курили. Тоа се територии кои Руската империја ги изгуби во Руско-јапонската војна 1904-1905.

13. Битката за островот Шумшу (дел од Курилскиот архипелаг) беше единствениот судир во Советско-јапонската војна во кој советските загуби беа поголеми од јапонските (416 загинати советски и 369 јапонски војници).

14. По Курилските острови советската војска планираше да се истовари на Хокаидо, еден од најважните јапонски острови. Советската Тихоокеанска флота беше подготвена за почеток на операцијата кога стигна итна наредба: „Строго се забранува испраќање на секакви бродови и авиони во правец на островот Хокаидо“. Сталин не сакаше да ги расипе односите со САД како сојузничка земја и се откажа од испраќање трупи во Јапонија.

Прочитајте повеќе: Со чума против Црвената армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња