Советско-јапонска војна, 1945. Советски војници во Харбин.
Александар Становов / ТАСССахалинските трагачи во текот на експедицијата на курилскиот остров Шумшу, каде што во август 1945 година имало жестоки битки со војниците на јапонската армија, пронајдоа останки на 47 советски и 3 јапонски војници и, исто така, почнаа да работат на создавањето на музеј под отворено небо, изјави за РИА„Новости“ раководителот на регионалното одделение на „Движење за потрага на Русија“ Артјом Бандура.
„Експедицијата траеше 3 недели, учествуваа 11 луѓе. Пронајдовме останки на 47 советски војници и 3 јапонски. Пет советски војници имаа со себе предмети со нивните имиња и веќе ги утврдивме имињата на тројца – тие се од Челјабинската област, од Алтај и од Новгородската област. Сега ги бараме роднините“, соопшти соговорникот.
Според него, останките на војниците ќе им бидат предадени на роднините, доколку има такви, а останатите ќе бидат погребани на гробиштата во Северо-Курилск.
„Кај еден јапонски војник е најден личен печат, кај втор - знак за идентификација - жетон. Нивните останки ќе бидат доставени во Јужно-Сахалинск и ќе му бидат предадени на претставник на Јапонија“, додаде Бандура.
Тој, исто така, изјави дека во рамките на експедицијата почнало да се работи на создавање на музеј под отворено небо на Шумшу. Планирано е да се обноват јапонските утврдувања и рововите. Исто така, ќе се вршат работи и следната година, нивната површина зафаќа околу еден квадратен километар.
Минатата година на Шумшу беа најдени дсетици предмети од историска вредност, вклучително и противтенковски и теренски јапонски топови. Исто така, беа најдени и останки на тројца советски и 12 јапонски војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче