Американски тенк од Втората светска војна извлечен од дното на Баренцовото море

Северна флота

Стручњаците на службата за потрага и спасувачки операции на Северната флота извлекоа од Баренцовото море американски среден тенк М3 „Ли“ (M3 Lee) кој потонал за време на Втората светска војна во близина на островот Килдин.

Бродот „Белот“, кој 1943 година поради слаба видливост се насукал, превезувал во состав на арктичкиот конвој тенкови во Советскиот Сојуз. Дел од техниката е спасена, а сето останато бурата го однела во морето. За подигање на тенкот од морското дно се користени бродот за нуркање „Иван Швец“ и новиот повеќеменски логистички брод „Елбрус“, рече началникот на службата за односи со јавноста на  Северната флота, капетан прва класа Вадим Серга.

Според командантот на Северната флота Николај Евменова, припадниците на војската врз основа на архивски материјали го одредиле местото на кое потонал бродот од арктичкиот конвој. Местото потоа го истражиле нуркачи и беспилотни далечински контролирани апарати. Извлечениот американски тенк е шести по ред, додека другите пет се подигнати од бродот „Томас Доналдсон“, над кого работите сѐ уште траат.

Тенкот М3 „Ли“ е доставен во Северодвинск, главната база на Северната флота, чии стручњаци имаат огромно искуство во реновирање на оклопна техника и каде ќе го реконструираат, додека спасувачите ќе продолжат да работат на бродот „Балот“ за да утврдат дали постои можност да се извлечат уште некои реткости. Тенкот М3 „Ли“, кој го добил името по генералот од американската Граѓанска војна Роберт Ли, во 1942 година е заменет со тенкот М4 „Шерман“, кој ги наследува неговиот дел за движење и моторно-трансмисиските склопови. Во рамките на познатата ленд-лиз во Советскиот Сојуз биле испорачани вкупно 952 тенкa М3. Во борбите на Кандалакшкиот фронт учествувале 12 тенкови М3 кои нуркачите на Северната флота ги извлекоа од потонатиот брод „Стил Воркер“ (Steel Worker).

Погледнете: На Крим извадени од вода „Катјуша“ и уникатен противвоздушен топ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња