Порталот на телевизијата „Ѕвезда“ пишува дека нуркачи недалеку од Евпаторија на Крим го пронајдоа бродот Boy Feddersen кој потонал 1943 година и наведува дека на бродот можеби има скапоцености кои нацистите се обиделе да ги однесат од полуостровот.
Бродот е изграден 1914 година во Германија, а 1931 година е купен од Советскиот Сојуз и преименуван во Харков. Во 1943 година во текот на офанзивата на германската војска советските морнари го оштетиле бродот, но нацистите успеале да го реконструираат и да го преименуваат во Boy Feddersen.
Бродот на патот од Севастопол до Констанца во 1943 година бил потопен од советските авиони недалеку од Евпаторија. Бродот е пронајден на длабочина од околу 90 метри, изјави за ТВ „Ѕвезда“ раководителот на клубот за длабоководни истражувања „Ростов дајв“ Роман Дунаев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче