На Крим извадени од вода „Катјуша“ и уникатен противвоздушен топ

Бродови и подморници на Црноморската флота во мисија во 1942 година.

Бродови и подморници на Црноморската флота во мисија во 1942 година.

Алексанар Соколенко / РИА „Новости“
Заменик-шефот на Управата за овековечување на споменот на загинатите во одбрана на Татковината при Министерството за одбрана на Русија Андреј Таранов соопшти дека по реставрацијата пронајдените предмети ќе бидат изложени во филијалата на паркот „Патриот“ во Керч.

Уникатни артефакти од Големата Татковинска војна се откриени и извадени од дното на Керченскиот теснец  од членови на подводната пребарувачка експедиција на Министерството за одбрана на Русија, која започна на 19 јули.

Специјалистите вршат пребарување на подрачјето на Балаклава, на преминот Феодосија-Туапсе, на ‘ртовите Херосенс, Меганом и Такил и во Керченскиот теснец.

Досега со кран на длабочина од шест метри е извадено орудие калибар 76 мм, тешко два тона. Конструкцијата на инженерот Франц Лендер од 1914-1915 годов се произведувала и во СССР до 1934 година. Тоа претставува прво руско противвоздушно орудие кое се користело и како обичен топ. Овие топови се применувале и во Првата светска војна и во Втората.

Орудието е подигнато од местото на потонување на советскиот оклопен десантен чамец БК-73, кој налетал на германска мина на 10 километри од крајбрежкјето на Керч во ноември 1943 година во текот на Керченско-Елтигенскта десантна операција. Загинал екипажот составен од 12 морнари и 42 војници.  

Оваа година во Керченскиот теснец се идентификувани три потопени чамци. Еден од нив е торпедниот артилериски чамец за огнена поддршка AКA-76. Од неговата палуба е подигната „Катјуша“ со калибар 82мм.  

„Ова е мошне редок пронајдок. Чамецот бил потопен од Германците во ноември 1943 година. Карактеристично е што вакви чамци имало само неколку примероци на кои се монтирале противвоздушни системи, модифицирани за примена на море“, велат од експедицијата.

Покрај тоа, извадени се и други предмети, пренесува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња