Во рамките на одбележувањето на годишнината од страдањето на руското царско семејство Романови и по тој повод организираната изложба и форум „Од покајание до воскреснување на Русија“ во Екатеринбург е реконструирана собата во подрумот на Ипатјевскиот дом во која ноќта спроти 17 јули 1918 година е стрелан царот Николај II со членовите на семејството и придружбата.
На изложбата „Историското прекршување на епохите 1918-та“, посветена на страдањето на царското семејство Романови, која се отвора денес и трае до 18 јули, ќе бидат изложени ордени, монети, книги на царот и членовите на неговото семејство, како и копии од наредбите за стрелањето на царското семејство и рушењето на Ипатјевскиот дом, пренесуваат руските медиуми.
Собата во кој последниот руски цар трагично го загуби животот е реконструиран врз основа н зачувани фотографии, а изложените предмети се добиени од манастирот „Светите царски маченици во Ганина јама“ и од колекционери. Според пишувањето на медиумите, делови од ентериерот на просторијата која е отворена за посетителите, вратата, столчето, тапетите, верно го доловуваат духот на 1918 година кога свирепо се убиени последните Романови.
Во Руската православна црква сериозно се разгледува верзијата за ритуално убиство на царското семејство.