Болшевиците jа узурпирале власта во октомври 1917 година додека Русија војувала против Германија. Владимир Ленин ветил дека ќе ја запре војната, и еден од неговите први потези бил потпишување на Указ за мир, во кој е предложен „итен мир без анексии и компензации“.
Указот одекнал како гром. Германија била пријатно изненадена, но затоа биле шокирани сојузниците на Русија – Велика Британија, Франција, САД и Јапонија. Тие веднаш го искористиле хаосот во „сојузничката земја“ и испратиле трупи да окупираат делови од Русија.
Колку повеќе болшевиците повикувале на прекин на војната, ситуацијата станувала сè полоша во руската армија која уште била на фронтовите. Германија ја продолжила офанзивата, а Лев Троцки, десната рака на Ленин, не можел да постигне договор за мир под поволни услови. Тој во своите мемоари на следниот начин ги опишува преговорите: „[Германскиот] генерал [Макс] Хофман се измори од дебатите и ја стави на масата својата војничка чизма. Сите знаевме дека таа чизма беше единствениот сериозен аргумент во преговорите“.
Преговорите за склучување на Брест-Литовскиот договор во 1918 година. Германците се од десна страна, Русите (болшевиците) се од лева страна.
Global Look PressИ навистина, на 3 март 1918 година Троцки бил принуден да го потпише мошне неповолниот Брест-Литовски договор според кој поранешната Руска империја официјално ги отстапува Украина, Финска, балтичките земји и Полска, губејќи 34% од своето население и 54% индустриските претпријатија.
Германија ја однела победата, но само до ноември 1918 година кога капитулирала пред западните сили, собрани во Антантата.
По Брест-Литовскиот договор политичарите на Антантата биле револтирани и ја презеле работата во свои раце. „Ленин и Троцки потпишаа срамен мировен договор... со што ослободија над 1.000.000 Германци да дојдат и да го нападнат нашиот народ на запад... Сојузниците (во август) 1918 година решија да го окупираат Архангељск и Мурманск и таму на брегот да ги постават сојузничките сили“, пишува Винстон Черчил, тогашен британски министер за муниција.
Англиските трупи во Архангељск, 1918 година.
SputnikВо март 1918 година британските, француските и американските војници се истоварија во Архангељск, стратешкото пристаниште на Бело море. Во август го окупирале и Мурманск, втората северна порта на Русија. Антиболшевичкото „Бело движење“ ја поддржувало интервенцијата чија официјална цел била Германците да не ја преземат муницијата што Западот ја испраќал.
Западните трупи влегле и во јужниот дел на Русија – во Кавкаскиот регион, Централна Азија и на Крим. Таму француските полкови престојувале неколку месеци. Рускиот пејач Александар Вертински напишал: „Егзотичните африкански трупи шетаа низ градските улици. Африканци – Мароканци и Алжирци... – не знаеја зошто се доведени тука и што треба да прават“.
Јапонија на рускиот Далечен Исток испратила 70.000 војници и ја презела контролата над Владивосток и над целиот Тихоокеански брег. Јапонците испратиле најмногу војска, додека Британија заедно со своите колонии испратила 30.000, а САД 15.000 војници. Франција поради воените загуби успеала да испрати само неколку илјади војници.
Владивосток, Русија. Војнициеу и маринците од различни земји пред зградата на Сојузничкиот штаб.
NARAИстовремено во самото срце на Русија 40.000 чехословачки војници се движеле на исток низ Сибир во обид да најдат излез од земјата. Тоа биле поранешни заробеници на Австро-Унгарија кои во Русија го формирале Чехословачкиот Легион за да се борат против своите некогашни господари, но војната била завршена, а руската власт за која војувале повеќе не постоела. Чехословаците не сакале да им помагаат на болшевиците. Му помагале на „Белото движење“ и истовремено се обидувале да ја напуштат земјата.
Улогата на Чехословаците во борбата против „црвените“ сепак не била решавачка, како, впрочем, и улогата на целата Антанта. Како што констатира Ленин, „британската, француската и јапонската армија три години престојуваа на територијата на Русија. Доколку вложеа малку напор, без сомнение ќе нè победеа“.
Адмиралот Александар Колчак, лидерот антиболшевичкото движење , (десно, седи) со британск офицери на Источниот фронт, Русија, 1918.
Getty ImagesЛидерите на „Белото движење“, адмирал Александар Колчак и генерал Антон Деникин, исто така оцениле дека помошта на Антантата била незначителна. Биографот на Колчаков Владимир Хандронин напишал: „Помошта на сојузниците на 'Белото движење' се состоеше во обезбедување оружје и униформа за нивните трупи“. И тоа е важно, но нивните одреди ретко се соочувале со Црвената армија на бојното поле.
Западот нерадо се ставал на страната на „белите“ зашто немал иста визија за иднината како нив. Генералите на Белата армија биле вистински родољубци и се бореле за „единствена и неделива“ Русија додека сојузниците имале намера да им дадат независност на руските национални провинции.
Историчарот Дмитриј Лехович напишал: „Лојд Џорџ [премиерот на Велика Британија] се колебаше помеѓу давање помош на 'Белото движење', планирањето трговија со советската власт и давањето поддршка за независнот на малите држави долж руската граница“.
Оружје и воена техника на странските трупе запленети од страна на војниците на Црвената армија 1919.
Sputnik„Белите“ на крајот претрпеа целосен воен пораз. Едните ги погубиле болшевиците (Колчак), а другите морале да емигрираат (Деникин).
Кон крајот на 1919 година чехословачките, британските и сите останати западни трупи ја напуштија Русија. Јапонците најдолго останале на рускиот Далечен Исток – сè до 1922 година, но ниту тие немале особена желба да се борат против болшевиците и на крајот заминале. Западот на крајот сфатил дека мора да воспостави односи со новата советска Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче