Видео: Колку престолнини имала Русија низ историјата

Историја
ГЕОРГИЈ МАНАЕВ
Секој знае дека денешната престолнина на Русија е Москва, но на малкумина им е познато дека уште некои градови порано суверено владееле со руската земја. Ова е приказна за руските престолнини низ вековите.

Киев (882-1243)

Првиот владетел на Руската земја бил Рјурик, основач на династијата Рјуриковичи. Но, не е познато каде точно се наоѓала неговата резиденција, во Ладога или во Новгород. Затоа се знае дека неговиот наследник Олег од Новгород му го одзел на брата си Асколд Киев, и толку му се допаднал градот што самиот таму се преселил. Дури и рекол: Киев нека биде мајка на руските градови! Оттогаш киевскиот владетел го сметале за најважен кнез во Русија. Така било дури до наездата на Монголците во 13 век.

Владимир (1243-1389)

Следниот главен град бил Владимир, кој на северот имал подобра заштита од Монголците. Во втората половина на 14 век дошло до спојување на Владимирското, Московското и Суздаљско-нижегородското кнежевтсво.

Москва (1389-1712)

Благодарение на својата добра позиција и на силните кнезови, Москва под свое ги зела Новгород, Твер, Псков, а потоа е прогласена за престолнина на руското царство (Иван Грозни станува прв руски цар во 1547 година)

Санкт Петербург (1712-1928)

Во 1712 година Петар Велики го прогласил Санкт Петербург за главен руски град. Руската престолнина добила излез на море.

Москва (1918-до денешен ден)

Во 1918 година Ленин и го вратил на Москва статусот на главен град, плашејќи се дека Санкт Петербург може да биде освоен доколку дојде до странска воена интервенција во граѓанската војна.

Во 1992 година Москва официјално станала главен град на Советскиот Сојуз, а на 25 декември 1991 година главен град на Руската Федерација.