Видео: Торпедираниот германски брод во Црното море

YouTube
Стручњаците на кримскиот Црноморски центар за подводни истражувања го идентификуваа бродот пронајден пред две години покрај брегот на Евпаторија. Тие утврдија дека пловилото откриено на длабочина од 65 метри е всушност германскиот брод „Биргит“ кој советските торпедни авиони го потопиле 1943 година. Видеоснимката од локацијата на која се изведувани подводните работи ја објави телевизија „Ѕвезда“.

Товарниот брод „Биргит“ е спуштен во вода 1924 година во Данска. По германската окупација на оваа земја во 1940 година, овој брод кој се наоѓа во пристаништето во Марсеј го променува името во „Сент Етјен“ и поминува под контрола на француските власти. Две години подоцна нацистичка Германија ја окупира и Франција и тогаш „Биргит“ станува воен брод.

Придружуван од две романски топовници и четири самоодни десантни баржи парабродите „Биргит“ и „Хелветиа“ утрото на 12 јуни 1943 година испловуваат од Евпаторија. Околу пладне конвојот е нападнат од советски торпедни бомбардери ДБ-3. Противавионскиот топ инсталиран на бродот не бил од голема помош - едно торпедо во 12 часот и 10 минути го погодува пловилото кое потоа потонува. 

Повоените обиди да се пронајде бродот врз основа на координатите што ги дадоа пилотите не вродија со плод. 72 години подоцна „Биргит“ е пронајден осум километри јужно од местото на кое се претпоставуваше дека потонал. Парабродот пукнал на два дела, а носот со противавионското орудие и крмата се добро сочувани.

Нуркачите во потпалубата најдоа метални садови со германски ознаки, а за противавионскиот уред од бродот „Биргит“ е заинтересиран кримскиот огранок на московскиот парк „Патриот“. Извлекувањето на орудието на површината е планирано за напролет.

Советскиот бомбардер ДБ-3 е создаден од екипа од раководство на Сергеј Илјушин 1936 година. На почетокот на август 1941 тие го бомбардираа Берлин. Останаа запаметени како летала кои го извршија првото сојузничко бомбардирање на Берлин во Втората светска војна. Една од модификациите беше вооружена со торпеда и применувана сѐ до крајот на Втората светска војна.

Прочитајте и за тоа Кое советско оружје е заслужно за исходот на Втората светска војна?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња