Александар Бортников, шефот на ФСБ на Русија.
Алексеј Дружинин/ZUMAPRESS.com/Global Look Press„За жал, пристигнуваа противречни податоци за датумот на напад врз СССР. Јосиф Сталин немаше доверба во многу извори на информации затоа што во претходните години од нив доаѓаа податоци кои подоцна не се потврдени, или стигнуваа со задоцнување. Покрај тоа треба да се има предвид дека советското раководство сериозно стравуваше од напад од Велика Британија и САД“, изјави Бортников во интервјуто за весникот „Росијскаја газета“.
Според неговите зборови, ситуацијата дополнително ја отежнала кампањата што ја водела Германија и која била насочена кон дезинформирање на Советскиот Сојуз. Требало да се убеди Москва дека воената активност на советската граница има за цел да ја дезориентира Британија која Германија божем планирала да ја нападне, пренесува порталот „Взгљад“.
Бортников исто така соопшти дека советската контраразузнавачка служба помогнала да се спречи протекувањето на информации за најновите проекти, вклучувајќи го и проектот на тенкот Т-34.
„На индустриските и сообраќајните објекти беше воспоставен строг контраразузнавачки режим. Благодарение на тоа не е дозволено протекување на информации за новите индустриски претпријатија на Урал и во Сибир, за бројната состојба на единиците на Црвената армија на рускиот Далечен Исток, како и за најновата воена техника, конкретно за тенкот Т-34“, изјави директорот на Федералната служба за безбедност на Русија.
Тој нагласи дека контраразузнавачката служба посветила особено внимание на работата на разузнавачките служби на Полска, Финска и на балтичките земји.
Погледнете како денес се справува ФСБ со заканите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче