Пред 71 година: Во Москва склопен првиот автомобил „Москвич 400“

Историја
RUSSIA BEYOND
Возилото е моделирано според Опел „Кадет К38“.

На 4 декември 1946 година првиот автомобил „Москвич 400“ е склопен во Московскиот автомобилски завод. Автомобилот со четири седишта развива брзина од 90 км/ч и е инспириран од германскиот Опел „Кадет К38“. Јосиф Сталин инсистира на производството на автомобилот откако станува голем љубител на Опел по изложбата во Кремљ во 1940.

Сепак, поради Втората светска војна проектот е одложен. Но, во 1947 година во московската фабрика почна да се склопува моделот – произведуван сѐ до 1954 година кога е заменет со „Москвич 401“ кој им многу посилен мотор (развиван е две години). Севкупно, 216000 седани и 17000 кабриолети излегуваат од фабриката. Во 1956 година автомобилот е заменет со новиот „Москвич 402“.