На денешен ден: Денот на Незнајниот јунак

Историја
RUSSIA BEYOND
На 3 декември Русите им оддаваат почит на исчезнатите и загинати војници.

Денот на Незнајниот јунак се одбележува во Русија од 3 декември 2014 година во спомен на загинатите во воените конфликти. На тој ден во 1966 година, во чест на 25-годишнината од поразувањето на нацистичка Германија, пепелта на Незнајниот јунак беше погребана во Александровската градина до ѕидините на Кремљ.

Околу два милиона руски и советски војници загинуваат во текот на војните во XX и XXI век. Народот сѐ уште ги бара исчезнатите во воените дејствија, а специјалистите од Министерството за одбрана и доброволци организираат експедиции и проучуваат архивски документи со надеж дека ќе ја откријат судбината на војниците.