Копија од автоматската интерпланетарна станица „Марс-3“ во павилјонот „Вселена“ на изложбата Државните национални економски достигнувања.
Николај Кулешов/TASSСоветската автоматска интерпланетарна станица Марс-3 се состоеше од вселенска станица (вештачки сателит) и апарат за слетување. Првото на светот слетување на површината на Марс беше единственото во текот на советската вселенска програма.
Вселенската сонда без човечки екипаж беше лансирана од космодромот Бајконур на 28 мај 1971 година. Мисијата на Марс траеше повеќе од шест месеци и нејзиното пристигање на Марс се совпадна со голема бура од прашина.
Марс-3 слета на 2 декември 1971 година. Најпрвин се чинеше дека сѐ е во ред, но откако почна да испраќа во Русија снимки од планетата трансмисијата ненадејно запре – мисијата траеше цели 15 минути. Фотографиите кои пристигнаа на Земјата беа сиви со малку детали.
Како и да е, по одвојувањето вселенската станица орбитираше околу Марс и повеќе од осум месеци ја набљудуваше планетата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче