Во Русија има околу 20 кремели (тврдини), но кога луѓето го слушаат зборот „кремљ“, автоматски мислат на седиштето на моќта на Москва.
Првите населби на територијата датираат од бронзената доба (2 век п.н.е.). Самиот „град Москва“ е основан во 1156 година од страна на кнезот Јуриј Долгоруки и бил направен од даб. Од 1366 до 1368 година Дмитриј Донској ги заменил дрвените ѕидови со бели варовници.
Постоечките тврдини и кули на тврдината биле изградени во периодот од 1485 до 1495 година. Големиот кнез Иван III поканил голем број квалификувани архитекти од Италија за да ја извршат работата.
Кремљ отсекогаш бил царска резиденција до владеењето на Петар Велики: тој имал аспирации да создаде цел град за себе, па оттаму и бил роден Петербург. Болшевиците ја освоија власта во 1917 година, а на северниот град му беше одземен статусот на главен – престолнината беше пренесена во Москва од страна на советската влада предводена од Владимир Ленин. Кремљ уште еднаш стана срце на моќта.
Историски цртеж, 19-от век
Global Look PressВо Октомвриската револуција во Москва во 1917 година имало многу животи, а утврдениот комплекс до катедралата Свети Василиј се нашол под голем артилериски оган. За време на советскиот период 28 од првичните 54 згради во рамките на ѕидот беа уништени. Во 1947 година, под налог на Сталин, ѕидовите на упориштето биле обоени во бојата на револуцијата и комунизмот – црвена.
Во 1955 година Кремљ уште еднаш ги отвори своите врати за јавноста (првиот владетел што го сторил тоа бил Николај II). Во 1961 година биле основани музеи во Кремљ, а актуелен директор на овие институции е ќерката на Јури Гагарин Елена.
Од 1991 година, Кремљ е резиденција на рускиот претседател.
Еве само неколку бројки за да ја нагласиме тежината на комплексот:
Вкупна површина: 27.7 хектари
Должина на ѕидот: 2.500 м
Висина на ѕидот: 5-19 м
Кули: 20
Висина на кулите: до 80 м
Парапети на ѕидовите на Кремљ: 1.073
Зградите во московскиот Кремљ можат да се поделат во четири различни категории:
Музеи, историски градби и цркви (влез со билети)
Големата Кремљска палата (тури по барање)
Државна Кремљска палата (влез со билети)
Претседателска резиденција и административни згради (затворени за јавноста)
Во текот на вековите се појавија неколку цркви и манастири на територијата на Кремљ и се формираше Соборниот плоштад. Денес на плоштадот има шест згради, меѓу кои и три соборни цркви.
Секој споменик во ансамблот на Кремљ има посебна улога, но никој не е повеќе истакнат од Соборот на Архангел Михаил. Изграден е во периодот од 1505 до 1508 година како дел од градежната кампања на Иван III. Речиси сите московски монарси од Иван Калита до Иван V се наоѓаат внатре.
На територијата на Кремљ постојат три историски споменици:
Цар-топот - најголемиот топ на светот.
Цар-камбаната – царскиот придружник на Цар-топот - како и топот, таа е најголема камбана на светот.
Споменикот на големиот кнез Сергеј Александрович од Русија - син на царот Александар II, кој починал во терористички напад во 1905 година.
Посетата на московскиот Кремљ, исто така, треба да ја вклучи и посетата на музеите. Таму може да се види царската круна (еден од најстарите артефакти на државната регалија), коронациската облека на царицата Александра Фјодоровна, нејзиниот жезол и нејзината топка, и многу други фантастични дела.
Добра идеја е да ја преземете апликацијата „Московски Кремљ“ пред посетата. Таа е полна со корисни информации.
Ако веќе сте ги виделе главните атракции и сте ги посетиле сите музеи во Кремљ, тука е водич за некои тајни што можеби сте ги пропуштиле.
Црвени ѕидови, црвени кули, и секако, црвени ѕвезди на врвот на кулите. Дали знаевте дека тие се симболи на комунистичкото минато во земјата? Пред да бидат поставени ѕвездите во 1937 година, двоглави орли што ја симболизирале Руската империја гледале над Москва.
Уште еден дефинирачки аспект на Кремљ и Москва е часовникот на Спаската кула. За московјаните тоа е исто така важен симбол на Новогодишниот празник: ѕвонењето на полноќ претставува официјално добредојде во новата година, а според традицијата, желбите посакани помеѓу првиот и последниот ѕвон ќе се остварат.
Кремљскиот полк е воена единица која е уникатна и елитна во секој поглед. Таа е одговорна за заштита на владини претставници и субјекти на Кремљ.
Секој ден, стотици Руси и странци го посетуваат Вечниот пламен и Гробот на Непознатиот војник, каде што војниците на Кремљ ја извршуваат својата должност. Полкот, исто така, ја назначува почесната стража за средби со странски делегации.
Се разбира, не секој може да стане дел од овој полк.
Тоа е едно од најинтересните прашања, за кое одговорот може да биде не и да (теоретски) - но ние не ви предлагаме да се обидете, освен ако не сакате да поминете време во руски затвор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче