Пред 69 години: рускиот крстосувач „Аврора“ засекогаш закотвен во Санкт Петербург

Крстосувачот „Аврора“ се смета за главниот симбол на Револуцијата од 1917 година.

Крстосувачот „Аврора“ се смета за главниот симбол на Револуцијата од 1917 година.

Наровљански/TASS
Симболот на Револуцијата од 1917 стана туристичка атракција.

Крстосувачот „Аврора“ служеше во руската флота од 1903 година. Учествуваше во Руско-јапонската војна, граѓанската војна во Русија (1918-1922) и во двете светски војни.

„Аврора“ се смета за главниот симбол на Револуцијата од 1917 година. Според различни извори за револуцијата, крстосувачот истрелал на празно за да даде знак за јуришот на болшевиците врз Зимскиот дворец, седиштето на времената влада.

По Втората светска војна, крстосувачот беше база за обука на Поморската академија „Нахимов“.

На 17 ноември 1948 година, крстосувачот беше засекогаш закотвен на кејот „Петроградскаја“ во централен Санкт Петербург и претворен во музеј. „Аврора“ беше повторно отворена за туристи во 2016 година по речиси двегодишни поправки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња