Пред 84 години: СССР и САД воспоставија дипломатски односи

Getty Images
Америка беше една од последните држави кои го признаа младиот Советски Сојуз.

Дипломатските односи меѓу СССР и САД беа воспоставени на 16 ноември 1933 година. Руската амбасада во Америка беше отворена во 1807, но по Револуцијата во 1917 година Вашингтон одби да ја признае новата влада сѐ до 1933 година кога САД официјално го признаа Советскиот Сојуз.

Првиот советски амбасадор во САД беше Александар Тројански. Во текот на Втората светска војна, Советскиот Сојуз и САД беа сојузници: во рамките на американската програма „Заем-наем“, на СССР му беа доставувани оружје и намирници.

Студената војна, која траеше од крајот на Втората светска војна до распадот на Советскиот Сојуз, предизвика речиси половина век антагонизам меѓу СССР и САД, како и меѓу нивните сојузници.

Во 1991 година Америка ја призна новата Руска Федерација по распадот на СССР.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња