Сталиновите облакодери се познати под името Седумте сестри.
Wikipedia.orgНа почетокот на 1947 година Советот на министри на Советскиот Сојуз усвои резолуција за изградба на седум облакодери. На 7 септември, во пресрет на прославата на 800-годишнината на Москва, точно во 13 часот, на посебна свеченост е ставен камен-темелникот на новите градби.
Првиот московски облакодер е завршен во 1949 година. За изградба на секој од преостанатите шест, освен за еден, беа потребни од три до пет години. Подоцна познати како Седумте сестри, овие згради се познати споменици на сталинистичко-готскиот стил. Денес овие облакодери се симболи на Москва. Во нив се наоѓаат: Московскиот државен универзитет „Ломоносов” (240 м) на Воробјови гори (кој беше највисока зграда во Европа сѐ додека не беше изграден Изложбениот центар во Франкфурт 1990 година); Министерството за надворешни работи; Министерството за сообраќај; две станбени згради; Хотелот „Украина“; и најмладата од сестрите, Хотелот „Ленинград“ (135 м).
Изградбата на облакодерите беше завршена за време на Хрушчов. Меѓутоа, најимпресивниот облакодер од сите (осмиот по ред), кој требаше да биде сместен покрај Црвениот плоштад, никогаш не беше изграден. Kонструкцијата на Палатата на Советите, висока 420 метри, требаше да биде крунисана со статуа на Ленин од 100 метри, но изградбата беше запрена во текот на војната. Место палата, беше изграден огромен базен со греење на отворен. Во деведесеттите години базенот беше заменет со храмот „Христос Спасител“ (изворната црква во 1931 година беше срушена од Сталин).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче