Стојан Васев
Во советското време фабриката „Лихачов“ или скратено ЗИЛ (рус. „Завод имени Лихачёва“) правеше легендарни камиони, а исто така и лимузини за советските државници, теренски возила, па дури и велосипеди и фрижидери.
Стојан Васев
Денес погоните на фабриката се целосно демонтирани и останати се само фотографии како сувенири за нејзиното славно минато.
Стојан Васев
Најголемата индустриска зона на Москва заземаше површина од околу 300 хектари.
Стојан Васев
Овој „индустриски споменик“ во близината на центарот на рускиот главен град денес личи на специјално уреден амбиент за некои видеоигри или за постапокалиптичен филм.
Стојан Васев
Првиот погон на оваа фабрика е изграден во 1916 година. Тогаш се нарекувал АМО („Московско автомобилско друштво“). Тоа била првата советска фабрика за производство на камиони. Како што е познато, моделот АМО Ф-15 е всушност копија на италијанскиот камион FIAT-15. За време на триесеттите години од минатиот век фабриката го носеше името на Сталин, и скратено се нарекуваше ЗИС (рус. „Завод имени Сталина“).
Стојан Васев
Во Големата татковинска војна тука се правени минофрлачи и гранати. Оружјето директно од фабричките ленти е доставувано на првата линија на фронтот. Камионот ЗИС-6, на кој е монтиран прочуениот ракетен лансер „Катјуша“, ги има минато сите боишта и стаса до Рајхстагот. Во текот на војната автомобилската фабрика ЗИС има произведено околу 100.000 камиони и амбулантни возила. Во јуни 1942 година фабриката е наградена со орден Ленин за исклучителни достигнувања во испораката на оружје а во октомври 1944 година со Орден на трудбеничкото црвено знаме.
Стојан Васев
Во фабриката работеле 65.000 луѓе. Тоа биле цели „работнички династии“. Владимир Иванович има работено во неа над 40 години. Ги сервисирал елеваторите и сите фабрички ленти.
Стојан Васев
Напуштен ЗИЛ 130 подготвен за автоотпад. Ова во 1963 година беше еден од најмодерните камиони. Дури има добиено и ознака „квалитет на СССР“.
Стојан Васев
ЗИЛ е како некаков град во град. Се проценува дека е потребно најмалку една година за да се видат сите погони.
Стојан Васев
Во советско време фабриката имаше сопствена бензинска пумпа. Тука сè уште има многу траги од советскиот период.
Стојан Васев
Кон крајот на педесеттите години од минатиот век го добива името на нејзиниот директор Иван Лихачов. Во текот на својата долга историја ЗИЛ им има помагано и на други претпријатија. На пример, ЗИЛ-170, произведен кон крајот на шеесеттите години од минатиот век послужил како основа за првите возила на фабриката „Камаз“.
Стојан Васев
Во погонот за производство на мотори се раѓало срцето на возилата, односно моторот, кој бил создаден од неколку стотици компоненти направени на полуавтоматската фабричка линија. Во процесот на склопување на целото возило имало околу 70 операции.
Стојан Васев
Инеса Стороженко се вработила во фабриката во 1962 година. На фотографијата што ја држи во раката се писателот Максим Горки, нејзиниот татко Мирон Клицкин и директорот на фабриката Иван Лихачов. „Лихачов беше заменик на раководителот на партискиот окружен комитет. Подоцна стана миленик на Сталин“, се сеќава таа. „Понекогаш многу пцуеше.
Стојан Васев
Фабричката гаража. Тука во 1936 година биле паркирани првите советски лимузини ЗИС-101, произведени врз основа на американскиот автомобил Бјуик. Наместо да се купуваат права за производство на американскиот модел (и со самото тоа комплетната проектна документација), купен е американски автомобил и врз негова основа е направен проектот. Сталин во септември 1942 година наредил да се подготви проект на луксузната лимузина ЗИС-110, овој пат врз основа на автомобил на фирмата Пакард. По распадот на Советскиот Сојуз доаѓаат „несреќните деведесетти“. ЗИЛ беше целосно неподготвен за новата доба. Шефот на руската држава веќе се возеше во Мерцедес, а лимузините од домашно производство паднаа во „немилост“.
Стојан Васев
Во 1992 година ЗИЛ го конструираше камионот 53-01 врз основа на модел на Мерцедес. Така е создадена основа за производство на цела серија минибуси. Фабриката до 1994 година сè уште ги произведуваше камионите ЗИЛ 130, но тие не можеа да бидат конкуренција на странските модели. На крајот од деведесеттите години од минатиот модел се појавија евтини кинески модели, што сериозно ја загрозија руската фабрика, така што веќе се размислуваше за нејзино затворање.
Стојан Васев
Вера Авсинеева дошла во фабриката во 1972 година како раководител на лента. „Тоа беше престижна работа. Не беше лесна, но беше интересна, на пример, како работа на програмер или на диспечер. Секогаш имаше нешто што треба да се научи“, вели таа. „Фабриката работеше нон-стоп, 24/7“.
Стојан Васев
ЗИЛ во 2000 година веќе беше во критична состојба. Московските власти донесоа одлука територијата на фабриката да се користи за некои други објекти. Фабриката официјално престана да постои во 2013 година, а поголемиот дел од објектите беа урнати во 2015 година. Сега на местото на поранешната фабрика има градилиште – се гради станбена населба и научно-технолошки парк.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче