Легендарната „Победа“ полни 70 години

ГАЗ-М-20Б

ГАЗ-М-20Б

Сергеј Михеев / Росијскаја газета
Првиот советски повоен автомобил годинава го прославува својот седумдесетти роденден.

Првиот советски повоен автомобил годинава го прославува својот седумдесетти роденден. Фабриката за автомобили ГАЗ (Горьковский автомобильный завод) започна со сериско производство на моделот М-20 во 1946 година. Затоа и го има добиено името „Победа“. Во Државниот трговски центар на Црвениот плоштад се изложени олдтајмери кои се привремено позајмени од приватни сопственици и од работилници за реставрација.

„Победа“ е еден од првите автомобили со каросерија од типот „понтон“ што се произведувал во големи серии. Кај овие линии предните и задните браници се поклопуваат со горната линија на каросеријата, што значи дека тие не се визуелно одвоени како кај постарите модели автомобили. „Победа“ има нешто германско од Опел Капитен (Opel Kapitän), со кој советските инженери имале можност да се запознаат во текот на војната, како и нешто од американските модели на „лесна класа“, при што дизајнот и обликот на возилото се оригинални.

Ремек-дело меѓу автомобилите на изложбата е репликата на моделот роудстер (roadster-двосед без покрив). Реставраторите врз основа на фотографии ја имаат реконструирано неговата заоблена каросерија без врати.


„Победа М-20“. Извор: Сергеј Михеев / РГ

ГАЗ-М-20Б е седан-кабриолет со платнен покрив. Кон крајот на четириесеттите години од минатиот век платнените покриви се појавиле поради дефицит на квалитетен метал. Затоа делови од каросеријата биле изработувани од дрвени или од платнени елементи.


Рускиот роудстер. Извор: Сергеј Михеев / РГ

Моделот М-20 е проектиран набрзина и бил толку несовршен што набргу производството било запрено, а моделот бил испратен на доработка. На изложбата можат да се видат резултатите од оваа модернизација – елегантни модели од четириесеттите и од педесеттите години од минатиот век. Токму со нив и започнува славната историја на автомобилот „Победа“, за кој едно американско списание подоцна има напишано: стабилен во движењето преку дупки, на кривини и при забрзување, добар на лоши патишта, доколку не брзате. Одлично се однесува на калдрма“.


„ГАЗ-М-20Б. Извор: Сергеј Михеев / РГ 

Теренското возило М-72 е прототип на кросовер кој ја комбинира удобноста на патничкиот автомобил со теренски карактеристики на џип, смета водичот на изложбата Иван Падерин. М-72 претставува спој на каросеријата на „Победа“ и шасијата на теренското возило ГАЗ-69 со тркала во вид на пајакова мрежа, на кои кабината е издигната така што не може да се ѕирне во внатрешноста. Овој модел во тоа време имал и радио.


Првиот руски кросовер М-72. Извор: Сергеј Михеев / РГ

Од зад воланот на овие „пајаковидни“ возила со систем за греење Хрушчов сакал да ги види работниците кои недопрената природа ја претворале во обработлива површина ширум Советскиот Сојуз.

Според материјалите на Росијскаја газета.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња