Руските воени нуркачи ќе извлечат нацистички бомбардер од дното на езерото Ладога

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Околу 30 војници од Ленинградската воено-поморска база ќе учествуваат во операцијата за извлекување на германски бомбардер од времето на Втората светска војна од дното на езерото Ладога, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.

Средниот бомбардер „Хајнкел“ He 111 е пронајден во јужниот дел на езерото Ладога во Ленинградската област на длабочина од пет метри.

Како што соопшти Западниот воен округ на руската војска, во експедицијата ќе бидат користени специјален нуркачки брод, голема хидрогеографска корвета и помошна опрема. Во тек е подготовката за оваа акција.

Морнарите од Ленинградската воено-поморска база во моментов вршат истражувања во територијалните води во Гдањскиот и Финскиот залив на Балтичкото море. Во операцијата учествуваат четири бродови на Балтичката флота.

Меѓу објектите на истражување на морското дно се школски артилериски брод, транспортни бродови со различен депласман, подморница, патролен брод, авион, како и неколку неидентификовани подводни објекти.

Германскиот среден бомбардер „Хајнкел“ He 111 беше еден од главните бомбардери на воздухопловните сили на германската нацистичка војска. Имаше голем број на модификации, вклучувајќи и носач на торпеда и јуришен авион.

Вкупно се произведени 7600 авиони од овој тип.