Пред 112 години: Царот Николај II го издава Октомврискиот манифест

Демонстрации на 17 декември 1905 – слика на Илја Репин

Демонстрации на 17 декември 1905 – слика на Илја Репин

Државен музеј на Русија
Октомврискиот манифест става крај на револуционерните активности во 1905 и ја претвора Русија во уставна монархија.

Во 1905 година почнува првиот рускиот работнички штрајк со либералното движење кое добива на интензитет по Руско-јапонската војна. Јавното мислење се свртува против владата. Во првата недела од јануари околу 120000 работници излегуваат на штрајк во Санкт Петербург. На 9 јануари 100000 луѓе демонстрираат со икони и портрети на царот на Дворцовиот плоштад (дворот на Зимскиот дворец). Трупите на царот стрелаат во толпата и убива 130, а рануваат неколку стотици луѓе. Тој судбоносен ден станува познат како „Крвавата недела“.

Како реакција на масакрот повеќе од 400000 работници од сите општествени класи се вклучуваат во протестите (само во јануари). Низ целата земја се формираат синдикати, вклучително и Женската унија за еднаквост. Тврдиот одговор на царот наидува на генерален штрајк во септември, а до октомври практично целата работа на железницата е запрена. Во тој момент советниците на царот бараат од Николај II да направи отстапки, плашејќи се дека ќе го изгуби престолот.

На 30 октомври (стар стил - 17 октомври) рускиот цар Николај II го објавува Октомврискиот манифест со кој се даваат граѓански слободи, се формираат влада и законодавна Дума.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња