
Александра Фјодоровна е родена како Аликс од Хесен и Рајна 1872 година во Дармштат, во тогашното Германско царство. Кога Аликс имала шест години умрела нејзината мајка. Била најмало дете во семејството и затоа ја испратиле кај баба си, кралицата Викторија, владарката на Велика Британија и Ирска. / Аликс во прегратките на мајка си, принцезата Алиса од Хесен и Рајна.
Архивска фотографија
Ноќта помеѓу 16 и 17 јули 1018 година болшевиците во Екатеринбург го убиле последниот руски император од династијата Романови, Николај Втори, како и членовите на неговото семејство: сопругата Александра, ќерките Марија, Ољга, Татјана и Анастасија и синот Алексеј. Руската православна црква подоцна ги прогласи за светители. / Последната фотографија на императорката Александра Фјодоровна со ќерките Ољга (десно) и Татјана (лево) во сибирскиот град Тобољск 1918 година.
Архивска фотографија
Сите деца израснале и се воспитувале во царскиот дворец. / Александра Фјодоровна, 1908 година.
Архивска фотографија
Николај II е роден 1868 година во Александровскиот дворец во Санкт Петербург, во тогашна Руска империја. Бил најстар од шесте деца на императорот Александар III. / Николај II сликан како дете покрај мајка си Марија Фјодоровна.
Архивска фотографија
Александра Фјодоровна, идната сопруга на императорот Николај II, кога имала три години.
Архивска фотографија
Кога Александар III умрел, престолот го наследил неговиот син Николај. Набргу по погребот на татка си во 1894 година Николај стапил во брак со Аликс од Хесен, идната императорка Александра Фјодоровна. / Александра Фјодоровна Романова, 1894 година.
Архивска фотографија
И покрај противењето на родителите, Николај и неговата сакана се допишувале. Писмата им ги носел Сергеј, стрикото на Николај. /Престолонаследникот Николај Александрович и неговата идна сопруга Аликс од Хесен, 1894 година.
Архивска фотографија
Следната средба на идните сопружници се случила пет години подоцна, кога Александра Фјодоровна поминала еден и пол месец во посета на својата сестра во Санкт Петербург. Родителите на Николај биле против неговата желба тој да стапи во брак со Аликс. / Престолонаследникот Николај и неговата идна сопруга Аликс од Хесен.
Архивска фотографија
Аликс од Хесен, идната Александра Фјодоровна, прв пат дошла во Русија кога нејзината постара сестра Ела се мажела за стрикото на Николај, великиот кнез Сергеј Александрович. Иако биле многу млади – Аликс имала 12, а рускиот престолонаследник 16 години – веднаш се заљубиле еден во друг. / Лудвиг IV, великиот војвода од Хесен и Рајна, со своите ќерки и принцот Лудвиг од Батенберг. Аликс е на сликата лево.
Архивска фотографија
Младенците медениот месец го минале во жалост. / Фотографија на Александра Фјодоровна Романова, 1894 година.
Архивска фотографија
Во бракот со Александра Фјодоровна Николај II добил пет деца: Ољга, Татјана, Марија, Анастасија и Алексеј. / Александра Фјодоровна, Николај II, нивната најстара ќерка Ољга, британската кралица Викторија и принцот од Велс.
Архивска фотографија
Принцезите Марија и Анастасија (на сликата седи) се најмладите и најслатките ќерки. Под влијание на Анастасија Марија почнала да игра тенис, кој во тоа време станувал сè популарен. Девојките имале ведар дух, и често во текот на играта соборувале слики и други вредни предмети од ѕидовите на дворецот. / Николај со сопругата и децата, 1904 година.
Архивска фотографија
Единствениот син на императорот наследил хемофилија, болест која спречува нормално згрутчување на крвта, поради што и обична гребаница била доволна да го доведе во смртна опасност. / Александра Фјодоровна со синот Алексеј, 1913 година.
Архивска фотографијаПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче