Пред 163 години: Битката кај Балаклава

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Битката беше дел од Кримската војна (1853-1856).

На 25 октомври Русите се бореа против здружените сили на Велика Британија, Франција и Турција за контрола над Севастопол.

Битката беше во голема мера неуспешна за двете страни од стратешка гледна точка. До крајот двете страни останаа на истите позиции на кои беа утрото истиот ден. 615 луѓе загинаа, беа ранети или заробени од редовите на сојузниците во споредба со 627 на страната на Русија.

Главниот резултат на битката беше одлучувачка стратешка промена на страната на сојузниците. Тие сфатија дека не можат да го заземат Севастопол на јуриш и дека ќе треба да го направат тоа со тактичка опсада на градот.