Пред 120 години одржан првиот фудбалски натпревар во Русија

В. Кругликов/RIA Novosti
Спортот првично е наречен „Британска игра на отворено“ и претставува забава за јавноста во Санкт Петербург.

Луѓето кои први го носат фудбалот во Русија во доцниот 19 век се разбира дека се Британци – така што првите три клуба се составени првенствено од тие Британци. Фудбалот првично се смета за форма на забава во Русија отколку за спорт.

Но, фудбалската зараза малку по малку ги зафаќа и Русите и првиот меч во кој учествуваат само Руси е одигран од страна на санктпетербуршка група за спортско хоби на 24 октомври 1897 година.

Меѓународното деби на рускиот национален тим се случува во 1910 кога репрезентацијата на Чешка доаѓа во Русија, додека првото првенство во земјата се одржува 1912 година. И погодете што? Беа потребни само 106 години за Русија да стане домаќин на Светското првенство!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња