Инфантино: Руското фудбалско семејство е обединето за подготовката на СП

Според претседателот на ФИФА Џани Инфантино, во Русија е извонредно нивото на подготовка на фудбалската инфраструктура.

Претседателот на Меѓународната фудбалска Федерација (ФИФА) Џани Инфантино е задоволен од тоа како руската фудбалска заедница е обединета околу подготовките за Светското првенство во 2018 година. Ова Инфантино го изјави за време на својот говор пред делегатите на конференцијата на Рускиот фудбалски сојуз (РФС) во Санкт Петербург, пренесува ТАСС.

„Драги пријатели, здраво“, рече Инфантино на руски, по што продолжи на англиски јазик. „За мене е голема чест да се биде тука, на вонредната конференција на РФС. Ние ќе работиме со Русија уште една година за да го организираме најдобриот шампионат на светот. Мило ми е што руското фудбалско семејство е обединето околу подготовката на Светското првенство“.

„Овој проект ќе го промени пејзажот на рускиот фудбал и фудбалот во целиот свет. Целиот свет внимателно ќе го следи она што го прави Русија. Заедно ние ќе го подготвиме најдобриот турнир каков што никогаш досега немало“, додаде претседателот на ФИФА.

Претходно Инфантино присуствуваше на отворањето на Купот на конфедерации во кој репрезентацијата на Русија го победи тимот на Нов Зеланд со резултат 2:0. „Имавме грандиозно отворање на Купот на конфедерациите, ѝ ја честитам на Русија победата во првиот натпревар. Исто така, сакам да им честитам на организациониот одбор, РФС и на секој кој вложи напори за одржување на Купот на конфедерациите“, изјави Инфантино.

„Се разбира, сакам да го истакнам извонредното ниво на подготовка на инфраструктурата“, продолжи Инфантино. „Стадионите оставаат голем впечаток, сите заедно ќе можеме да откриеме голема земја, како и екипите кои ќе учествуваат во овие турнири. Сметам дека ова е добра шанса за секого за да се добие нов импулс во развојот на фудбалот, бидејќи на светот му треба рускиот фудбал. Јас сметам на вас, на сите конфедерации, лиги, на поддршка, притоа вие можете да сметате на мене“, заклучи претседателот на ФИФА.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња