Пред 59 години: Борис Пастернак прогласен за добитник на Нобеловата награда за литература

Рускиот писател, преведувач, поет и добитник на Нобеловата награда за литература (1958) Борис Пастернак (1890-1960) во Переделкино, 1958, Московска област, Русија.

Рускиот писател, преведувач, поет и добитник на Нобеловата награда за литература (1958) Борис Пастернак (1890-1960) во Переделкино, 1958, Московска област, Русија.

TASS
Под притисок на советските власти, тој мораше да ја одбие ценетата награда…

Борис Пастернак е еден од најголемите поети и преведувачи на Русија. Тој стана светски признат за својот роман „Доктор Живаго“, кој ги опишува тешкотиите и трагедијата на руската граѓанска војна, која ги раздели семејствата и ги опустоши домовите.

Пастернак беше номиниран за Нобелова награда за литература 9 пати (вклучувајќи и 3 номинации само во 1958 година), при што комитетот конечно одлучи да му даде награда „за неговите значајни постигнувања и во современата лириката и во областа на големата руска епска традиција“. Оваа награда беше доделена првенствено за „Доктор Живаго“, објавена првпат на италијански јазик порано истата година со помош на ЦИА.

Пред Пастернак, само еден руски писател ја има добиено наградата - Иван Бунин, кој веќе емигрираше во странство и немаше никакви проблеми со примањето на наградата. Советските литературни и јавни кругови во голема мера ја перципираа наградата за Пастернак негативно поради антисоветскиот тон на романот, а некои дури и побараа да му се одземе на Пастернак советското државјанство. Како резултат на хајката, Пастернак на крајот мораше да ја одбие наградата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња