CIA објави 99 документи кои потврдуваат дека оваа организација учествувала во првото издавање на романот на Борис Пастернак „Доктор Живаго“ на руски јазик, веднаш откако издавањето на оваа книга беше забрането во СССР, се наведува на интернет-страницата на американската разузнавачка служба, а пренесува агенцијата ТАСС. Романот на руски јазик за прв пат е објавен во 1958 година во Холандија.
![]() |
Пушкин, Гогољ и Ахматова симболи на 2015 |
Во една од директивите на која стои датум од декември 1957, CIA препорачува да се даде посебно значење на објавувањето на книгата на Пастернак, но и на други дела од „советскиот блок“. „Доктор Живаго“ треба да биде објавен во максимален тираж, во максимален број на изданија со цел покасно да биде предмет на расправа во меѓународната заедница, како и да биде номиниран за Нобеловата награда“, се наведува во директивата.
Во другите материјали на CIA се наведува дека имено авторите со активни конструктивни ставови, како што е Борис Пастернак, ќе помогнат во рушењето на „железната завеса“.
„Документите покажуваат каков план постоел за постигнување на целта без нанесување штета на Пастернак. По објавувањето на “Доктор Живаго“ на руски јазик, во 1958 година Пастернак ја доби Нобеловата награда за книжевност, популарноста на книгата била огромна, а сиромаштијата во која живеел Пастернак во СССР го привлекла вниманието на светските медиуми“, се наведува во соопштението на CIA.
Учеството на разузнавачките служби во објавувањето на оваа книга и порано беше познато, но самата служба оваа информација досега не ја потврди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче