Пред 137 години: Отворен Московскиот циркус на Цветниот булевар

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Едниот од најстарите стационарни циркуси во Русија е првично наменет како атракција за децата.

Алберт Саломонски, основач и директор на новиот циркус, ја сече лентичката во Москва на 20 октомври 1880 година. Тој ја разбира важноста на детската публика, но смета дека циркусот има потенцијал како место за забава и за возрасните.

Веројатно тоа е причината зошто е ставен посебен акцент на кловновите (циркусот е познат по тоа што е домаќин на познати кловнови), пантомимата и новогодишните забави, Посебно внимание е посветено и на изведбите со коњи. Циркусот е најголемиот во Москва сѐ до 1971 година, кога се отвора Московскиот голем циркус.

Циркусот на Саломонски не е само за богатите луѓе: во него се продаваат и евтини билети за да можат и луѓето од пониските класи да присуствуваат на претставите. Максим Никулин, син на Јуриј Никулин (популарен советски артист и кловн кој го води циркусот) е директор на циркусот цели 20 години.