За македонски превод притиснете „СС“.
Кој имал прилика да посети циркуска претстава во Русија, знае дека тоа е посебно доживување. Ако на Русин му го доведете под сомнение третманот на циркусот како уметност, ќе ви се налути - за нив циркусот е уметност. Затоа тие имаат посебна почит кон акробатите, циркуантите, скротителите и сите останати претставници во циркусот. Во Москва пред главниот циркус можете да видите и скулптура од најпознатиот нивни кловн.
Во денешново видео ви ја претставуваме оригиналната и тешка точка „Руска точка“и Елена Алексеева, која е единствената личност во светот која може да изведе четворно салто со пречка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.