Пред 134 години во Санкт Петербург ставен темелник за храм на местото на убиството на рускиот цар

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Александар II беше убиен од терористичка бомба.

Александар II беше познат како „царот-ослободител“ по укинувањето на крепосното право во Русија. Иако Александар беше единствениот цар во историјата на Русија кој преживеал 5 обиди за атентат, шестиот заврши со негова смрт.

Член на револуционерната организација „Народна волја“ фрли бомба пред царот на 1 март 1881. Александар почина по неколку часа. Царот тој ден планираше да потпише нова уставна реформа.

Две години подоцна, на 18 октомври 1883, Александар III, син на Александар II и наследник на тронот (татко на Николај II), нареди да се подигне соборен храм на местото каде што се случи терористичкиот напад – на Екатеринскиот канал (сегашен Грибоедов канал), недалеку од Невскиот проспект.