Во пресрет на 65 роденден на претседателот на Русија Владимир Путин објавено е истражување на познавачот на руската историја Александар Путин „Родот на претседателот В. В. Путин”. 63-годишниот претприемач, роднина на претседателот од четврто колено, ги почнал своите генеолошки истражувања уште во 1986 година, затоа што бил заинтересиран за историјата на своето семејство. Тогаш презимето не му пречело во истражувањето и не привлекувало внимание.
Во книгата се наведува дека Путинови не се по потекло аристократи, туку селани. Првиот познат Путин, според податоците од архивите, се среќава во 17 век. Родоначалникот на семејството Јаким (Аким) Никитович (1630-1677), бил татко на Гуриј, Мина, Фадеј, Тито и Фома. Далечен Путинов предок бил Фадеј, но во родословот како прв се наведува неговиот татко Никита со напомена дека не е јасно дали тој тогаш го носел ова презиме. Путинови се раселиле претежно по Брјанската, Пермската и Тверската губернија.
Путиновиот дедо Спиридон работел како готвач на имотот Горки кај Владимир Ленин, а почнал во ресторанот „Асторија” и еднаш лично Григориј Распутин му подарил златник. Авторот тврди дека тоа не е семејна легенда, туку реален настан.
Во книгата се наведува дека неколку пати можело да се случи родот на Путинови да згасне и дека само чудо ги спасило предците на денешниот руски претседател. За време на епидемијата на чума во 1771 година 13-годишниот Аљоша Путин останал како единствениот продолжувач на родот, објаснува истражувачот.
30-годишната анализа на родословот и неговите претставници во разни животни околности го довела Александар Путин до заклучокот дека „сите мажи од семејството Путин биле физички силни луѓе, кои живееле здраво и активно учествувале во општествениот живот“.