Како Соборниот храм „Христос Спасител“ во Москва ги преживеа комунизмот и рушењето?

Историја
НИКОЛАЈ ШЕВЧЕНКО
По храмот „Василиј Блажени“ ова е најпознатата московска црква. Чекаше 66 години да биде изградена, преживеа три политички режими, беше срушена, а потоа повторно изградена. По повод 200-годишнината од ставањето на камен-темелникот ви ја претставуваме кратката историја на големиот Соборен храм „Христос Спасител“ во Москва.

Историјата на храмот е тесно поврзана со драматичната инвазија на Наполеон и триумфот на Русија над француската армија. И самата изградба на храмот била исто толку драматична, а и е резултатот е исто толку триумфален.

Првата жртва на храмот

Храмот е проектиран од архитектот Карл Магнус Витберг. Тој е роден во Санкт Петербург во шведско семејство. Морал да се одрекне од својата земја и потеклото и да го прими православието за да добие од царот одобрение за реализација на своите амбициозни планови.

По војната со Наполеон Русија доживува невиден подем на патриотизам и духовност. На луѓето им е потребен симбол кој го одразува таквото расположение. Царот Александар I го замислил грандиозниот меморијален објект кој би служел како сеќавање за војниците на царската армија кои ги дале своите животи или биле заробени во борбата за татковината.

Се чинело дека Витберг бил единствениот кој можел да ги „чита“ мислите на царот. „Ја погодивте мојата желба. Јас би сакал тоа да не биде само куп камења како обична зграда, туку нешто што е проникнато со верска идеја. Погледнав дваесетина проекти. Меѓу нив имаше и мошне добри, но сепак се обични. Вие направивте каменот да прозбори“, му рекол императорот на Витберг во 1815 година.

Витберг толку многу му се допаднал на царот Александар што бил назначен за шеф на целиот проект. Витберг немал никакво искуство во градежништвото и организирањето на работите и затоа силно се противел на тоа, но безуспешно. На 13 септември 1817 година тој го поставил камен-темелникот на храмот на Воробјови Гори, каде што сега се наоѓа Московскот државен универзитет.

Среќата не му била многу наклонета на Витберг. Царот Александар I умира 1825 година и Николај I е крунисан за цар. Новиот император наредува изградбата на храмот да запре затоа што во тој момент веќе биле прескапа.

Специјална државна комисија открила големи проневери. Витберг е осуден на конфискација на имотот и е протеран без право да работи за државата. Така наивниот основач е принуден да го напушти својот проект. Денешните историчари сметаат дека тој бил невини и дека бил жртва на интригите на оние на кои им бил претпоставен – неговите соработници.

Проклетството

Храм е напуштен, но царот Николај како искрен верник бил нажален што не го исполнил заветот на својот брат, покојниот император, за подигнување на симбол на препородената Русија. Затоа на 10 септември 1839 година, точно 22 години по поставувањето на првиот камен-темелник, свечено е поставен нов камен-темелник на Храмот „Христос Спасител“ на ново место.

Нов архитект е Константин Тон. Тој избира место на кое се наоѓал манастир и локалната легенда вели дека разгневената игуменија ги проколнала градителите и му претскажала несреќа на новиот храм.

Исполнети пророштва

Пророштвото се исполнува кога болшевиците доаѓаат на власт во земјата. Новите световни владетели сакале да ја овековечат величината на својата револуција со изградба на монументалниот Дворец на Советите.

Планирано е да се изгради дворецот на местото на храмот „Христос Спасител“, а со самото тоа е јасно какви биле намерите на советските власти.

На 5 декември 1931 силни експлозии, од кои се тресеа околните згради, го срушија храмот. Советската власт беше одлучна кога е во прашање рушењето на храмот, но сепак ѝ требаше повеќе од година дена да го исчистат теренот од шут.

Сѐ станува посложено кога почнува Втората светска војна, со што советските власти се присилени да се откажат од изградбата на Дворецот на Советите – големата комунистичка идеја кога никогаш не е реализирана.

Наместо тоа, на местото на изградбата е пуштен во работа најголемиот отворен базен на светот.

Дури во 1989 година државната политика спрема религијата е либерализирана во толкава мера што луѓето можеа да напишат петиција за поддршка на обновата на храмот. И покрај галопирачката инфлација во текот на 1990-те, храмот е подигнат и отворен на своето првобитно место на 31 декември 1999 година.

По неколку векови на триумфи и трагедии, Соборниот храм „Христос Спасител“ денес гордо стои на брегот над реката Москва и ги поздравува сите посетители независно од нивните религиозни верувања.

Москва го прослави 870 роденден: Како се менувал „Третиот Рим“ низ историјата?

Како страста на еден кнез доведе до основањето на Москва