Што би направиле Русите за плата од 250000 рубли (2700 евра)

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Кога некој би им понудил плата од 250000 рубли, многумина Руси би биле подготвени за толку пари да ја променат професијата, да се преселат во друг град или земја, да се откажат од годишен одмор, да работат преку викенд, да преземат на себе дополнителни обврски и да го одложат планирањето на семејството. Колку за споредба, просечната плата во Москва денес изнесува околу 1000 евра.

Во истражувањето на сервисот „Работа.ру“, спроведено во мај оваа година, учествуваа преку 5000 корисници на сервисот од сите региони на Русија.

„За толкава плата повеќе од половината испитаници (51%) би се согласиле да ја променат професијата. Покрај тоа, 40% се подготвени за 250000 рубли месечно да се преселат во друг град или дури и земја, 36% привремено би се откажале од годишен одмор, а 35% се подготвени да прифатат поголемо оптоварување и поголем број работни обврски“, го пренесува агенцијата РИА „Новости“ соопштението на наведениот сервис.

Речиси третина од анкетираните граѓани на Русија се подготвени заради толкава плата да се стекнат со ново образование или да се преквалификуваат. Скоро четвртина би работеле без одмор преку викенд, а 10% испитаници се дури подготвени да го одложат планирањето на семејството.

Дури секој десетти испитаник не е подготвен да преземе било што заради толкава плата, додека само 1% веќе имаат толкави приходи.