Русија извојува дваесет милиони долари за помош во храна на населението во Сирија

Сергеј Бобилев/TASS
Соодветниот акт го потпиша премиерот Михаил Мишустин.

Русија во 2020 година ќе издвои 20 милиони американски долари за фондот на Светската програма за храна на ООН наменети за населението на Сирија.

Во 2020 година на товар на средствата од федералниот буџет ќе определи еднократен доброволен наменски придонес на Руската Федерација во фондот на Светската програма за храна во износ од 20 милиони американски долари за финансирање на трошоците, поврзани со реализацијата на проектот Обезбедување храна и средства за живот на населението погодено од конфликтот во Сирија, се наведува во одлуката на Владата на РФ објавена на порталот за правни информации. Документот го потпиша премиерот Михаил Мишустин.

На Министерството за надворешни работи на РФ му е наложено да ги извести властите на Сирија за донесената одлука, а на  Министерството за вонредни состојби на РФ  да ги координира со Светската програма за храна на ООН условите и процедурата за набавка на храна на рускиот пазар и испораките во Сирија.

Според руските медиуми, дел од издвоените средства, до 12 милиони долари, ќе биде потрошен на купување храна од домашни производители и плаќање на испораката на руски организации.

Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија од своето основање до денес спроведе 2326 хуманитарни акции, при што вкупната количина на испорачаниот товар изнесуваше повеќе од 3900 тони. Советот за безбедност на ООН претходно донесе одлука за продолжување на прекуграничната хуманитарна помош на Сириската Арапска Република.

Прочитајте повеќе: Руски воени лекари ѝ го спасија животот на ранeта новинарка на РТ во Сирија

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња