Се продава најскапата „Волга” по цена од 125 илјади евра (ВИДЕО)

Скриншот - Roma Urraco
Возилото е целосно реставрирано и се наоѓа во добра техничка состојба. Инаку, како што е познато, овој автомобил е проектиран специјално за потребите на КГБ и другите специјални служби на СССР.

На социјалните мрежи е објавено видео во кое е детално претставен раритетниот олдтајмер ГАЗ-23 „Волга“, чија вредност е 8,5 милиони рубли (125 илјади евра).

Под хаубата на олдтајмерот се наоѓа 5,5-литарски мотор со 195 коњски сили. Тука е и тристепениот автоматски менувач. На автомобилот му требаат 16 секунди да достигне брзина од 100 км/час, додека неговата максимална брзина е 160 км/час.

Масата на возилото е 1630 килограми. Продавачот е уверен дека нема да има проблем со продажбата, бидејќи колекционерите повеќе пати покажале интерес за неговиот автомобил. Со оглед на значењето и историската вредност на автомобилот, неговата цена може да биде само поголема.

Прочитајте повеќе: Во Русија олдтајмер ГАЗ-67Б се продава за помалку од 4 илјади евра

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња